Дизајнирајте ја пицата што сакате да ја нарачате

Брендот „Pizza Hut“ во соработка со „Chaotic Moon Studios“ направиле иновативна дигитална маса, на која секој буквално може да си ги нареди состојките на пицата што сака да ја нарача. Муштериите можат да си изберат големина на пица, сос, сирење и разни други додатоци. Тие исто така можат да прават и дополнителни нарачки како на пример зачинети пилешки крилца. По селекцијата на начинот на плаќање, купувачите дури можат да изберат да играат игри додека чекаат.

Компанијата вели дека овој интерактивен концепт е нешто што може да стане дел од иднината на нарачувачкото искуство во Pizza Hut. Забавно, нели?




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар