Дерете му се на мобилниот за да го наполните

Дерете му се на мобилниот за да го наполните

Научниците од универзитетот Sungkyunkwan во Јужна Кореја успешно креирале технологија која го претвора звукот во енергија. Ова значи дека телефонот базиран на оваа технологија, би се полнел секогаш кога ќе го користите за зборување. Што погласно зборувате, толку побрзо ќе се полни. Ова е добра вест за сите кои сакаат подолготрајно траење на батеријата на својот мобилен телефон, но можеби лоша вест за луѓето во нивната околина. Дерете му се на мобилниот за да го наполнитеУредот користи мали структури од цинк оксид, главната состојка во цинковата руда, поставени помеѓу две електроди. Најгоре е поставено перниче кое го апсорбира звукот, па секогаш кога звучен бран ќе го удри, предизвикува малите жички од цинк оксид да се да се збиваат и да се ослободуваат. Ова создава електрична струја, која потоа може да се користи за да се наполни батеријата.

Д-р. Sang-Woo Kim, вели: „како што звучниците ги трансформираат електричните сигнали во звук, така е возможен и обратниот процес на претворање на звукот во електрична енергија“.

Технологијата ќе овозможува и полнење на музичките плеери, а се испитува и можноста за полнење на ајподите, пеејќи ги песните истовремено со изведувачите кои моментално ги слушате.

Што велите? Ќе биде ли ова изговор да се расправаме по улиците? Замислете ќе ве изнервира шефот, родителите  или вашиот партнер по телефон, а вие во лутина можете да се изнавикате, без потреба од извинување потоа? Хммм… ќе ослободуваме стрес додека го создаваме, а ќе бидеме и доста чудни, барем гледано од денешна перспектива.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар