Читајте ги само важните пораки на Gmail

Читајте ги само важните пораки на Gmail

Читајте ги само важните пораки на Gmail

Доколку вашето сандаче секојдневно се преполнува со пошта и најчесто немате време да ги прегледате сите пораки, оваа опција ќе ви го промени животот.

Прајорити инбокс“ (Priority Inbox) е нова опција овозможена од Џимејл, која што автоматски ги одвојува важните пораки од сите останати. Џимејл користи многу знаци за да ги идентификува важните пораки според тоа кои пораки ги читате, бришете и на кои пораки одговарате. На тој начин, оваа опција определува кои мејлови треба да ви ги прикаже како приоритетни за вас.

Кога ќе ја одберете опцијата, таа ќе ви ги класифицира пораките како приоритетни и непрочитани, обележани и се останато. Доколку прајорити инбокс некогаш погреши во распределбата на вашата пошта, вие сами можете да го подучите да ви ги прикажува таквите пораки или не, па така во иднина тој ќе филтрира уште подобро.

Опцијата прајорити инбокс ќе стане достапна за корисниците на Џимејл и на Гугл епс во текот на неделата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар