Ајфон-додаток за оптички леќи

Ајфон-додаток за оптички леќи

Постојат многу апликации кои можат да ви помогнат да направите подобри фотографии со вашиот ајфон 4. Но, со новото откритие „iPhone SLR Mount“ сега ќе можете вашиот телефон да го трансформирате во професионален фотоапарат. Сетот содржи алуминиумско куќиште на кое се прицврстува ајфонот, адаптер за леќи и УВ филтер.
Ајфон додаток за оптички леќиОвој додаток е компатибилен со леќи од производителите „Канон“ и „Никон“, а може да се додаде каква било: зум, макро, телефото, широкоаголна или фиксна 50-милиметарска. Овој додаток ќе ви овозможи да фотографирате со моќна длабочина и со мануелен фокус. На крајот од алуминиумското куќиште има и две дупчиња со чија помош можете да го врзете „апаратот“ и да го носите околу врат. Додатоците можете да ги купите онлајн по цена од 249 американски долари.Ајфон додаток за оптички леќиАјфон додаток за оптички леќиАјфон додаток за оптички леќиАјфон додаток за оптички леќиАјфон додаток за оптички леќиАјфон додаток за оптички леќиАјфон додаток за оптички леќи
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар