9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфон

9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфон

Играчките не се само за деца. Затоа овие девет прекрасни и откачени играчки можат да се контролираат со смартфон, една од вашите омилени играчки.

1. Оли

Оли е мала играчка која прави сè што ќе посакате преку вашиот смартфон или таблет. Може да се врти, превртува и да прави слични други нешта со брзина до 22 км/ч. Може да се контролира и на оддалеченост од 30 метри.

9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфон

2. Смарт авион

Смарт авионот е бавен авион кој може да го летате внатре и надвор, а го управувате преку посебна апликација која ви овозможува преку екранот на смартфонот да влезете во пилотска кабина. Не мора да сте искусен пилот, затоа што има помош за летање, исто како и кај видео игрите.

9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфон

3. Тенкбот

Тенкботот може да го пуштите сам да ги совладува пречките на својот пат, а може и да го контролирате преку смартфонот. Многу лесно се движи. Можете самите да си играте со него или да се натпреварувате и тркате со други сопственици на оваа играчка.

9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфон

4. Безжичен шпионски тенк

Ова е малку опасна играчка. Може да ја пратите каде сакате, а таа директно ќе ви пренесува преку видео врска за она што се случува таму. Шпионскиот тенк може да отпатува 60 метри далеку од вас. Одлично снима и во ноќни услови, а освен тоа што ќе слушате сè што тој „слуша“, ќе можете преку него и да се обратите на оние кои ги шпионирате преку неговите звучници.

9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфон

5. Ромо

Ромо е робот кој ги учи децата, па и возрасните, за роботика и програмирање. Тој знае да детектира лица, да „брка“ нешто кое се движи и да служи како платформа за видео повици. Можете да му дадете да изврши некоја мисија со помош на вашиот смартфон.

9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфон

6. МОТО ТЦ Рели

Смартфонот сега можете да го користите како далечински управувач за количка со која ќе се тркате со некој друг. Количките на далечинско управување не се ништо ново, но денешната технологија овозможува преку екранот да седнете на возачкото седиште и да се тркате со некој друг, а апликацијата да „додава“ оштетувања на вашиот автомобил секогаш кога ќе се судрите со нешто.

9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфон

7. Петкјуб

Петкјуб се поврзува со смартфонот и од тој момент можете да го оставите вашето домашно милениче само дома и преку него да му зборувате, да го гледате и да си играте со него ако најдете начин за тоа.

9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфон

8. Хартиен авион

Пауерап е компанија која го произведува овој пакет со којшто вашиот хартиен авион ќе го претворите во вистинска машина која може долго да остане во воздух. Така ќе си го остварите детскиот сон со помош на еден смартфон.

9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфон

9. Бубачка

Оваа бубачка не е многу забавна сама по себе, но доколку сакате да ги преплашите пријателите тогаш ќе заврши работа. Може да се управува до далечина од 6 метри.

9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфон

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар