7 причини зошто не треба да комуницирате преку Фејсбук

Во последниве неколку години, комуникацијата преку Фејсбук сосема го промени начинот на живот. Наместо да излеземе надвор, воздух да не фати, дремеме пред нашите компјутери и гледаме што денес објавиле нашите „пријатели“ на нивните Фејсбук-профили. Наместо да се јавиме некому на мобилен или да му испратиме СМС порака, му праќаме приватна порака на Фејсбук и очекуваме веднаш да ни врати без разлика што не знаеме дали таа личност моментално е на Интернет. Навиките и вредностите се менуваат од корен, но без разлика на реалноста, доколку сакате да одржувате добра комуникација и односи со вашите пријатели, секогаш треба да имате на ум, што НЕ треба да правите на Фејсбук. Во продолжение следуваат 7 причини поради кои интерперсоналната е подобра од онлјан комуникацијата.

7 причини зошто не треба да комуницирате преку Фејсбук

1. Се губи контекстот

За да може да се оствари добра комуникација, потребно е соговорниците да го разберат контекстот на разговорот. Речениците разменети преку Фејсбук треба да бидат едноставни и кратки и воопшто, не смеете да дозволите онлајн-комуникацијата да ви ја замени интерперсоналната. Кога му се обраќате некому преку Фејсбук, секогаш постои ризик таа личност нешто погрешно да протолкува, бидејќи тоа се машински искуцани зборови, преку кои тешко е да се препознаат вистинските емоции кои стојат зад нив. Исто така, понекогаш можеби се чувствувате уморно или безволно, а вашиот соговорник тоа може да го сфати како вие да сте индиферентни за муабетот или демонстрирате некоја иронија. Тогаш се создаваат проблеми во комуникацијата, па можеби и во односите со таа личност воопшто.

2. Не може да се чуе тонот на гласот

Многу е лесно погрешно да се протолкува нечиј тон на гласот кога комуникацијата се остварува на текстуално базиран медиум како што е Фејсбук. Ако на пример, некој ваш пријател на Фејсбук цело време пишува некои самосожалувачки, мизерни статуси, неговите пријатели, не само што нема да можат да сфатат што тој се обидува да сподели со нив, туку ќе почнат да го сметаат за „кралица на драмите“ која вечно се обидува да привлече кон себе погрешен тип внимание.

7 причини зошто не треба да комуницирате преку Фејсбук

3. Сите гледаат што пишувате

Изгледа како некои луѓе на Фејсбук да не можат да сфатат дека за приватните разговори треба да ја користат опцијата „испрати порака“, а не да го вадат целиот „валкан веш“ на ѕидот на својот пријатели. Верувајте, ниеден ваш пријател на Фејбсук не сака да ви ги чита подмолните напади или саркастичните коментари кои си ги разменувате со некого онлајн, пред очите на стотици луѓе.

4. Недостаток на приватност

На крајот на краиштата, социјалната мрежа Фејсбук не е основана за го заштитува вашиот приватен живот, туку токму спротивното – постои за на неа да ги споделувате вашите чувства и мисли со еден куп пријатели, познаници или странци. Самото тоа е доволен показател дека не треба да навлегувате во некои сериозни и важни разговори со вашите пријатели. Дури и кога пишувате приватни пораки, секогаш постои опасност:

а) да сте останале пријавени од некој друг компјутер, бидејќи сте заборавиле да се одјавите

б) некој да ви ги прочита пораките на вашиот компјутер бидејќи никогаш не се одјавувате

в) додека разменувате приватни пораки, никогаш не можете да бидете сосема сигурни дали вашиот соговорник е сам или во друштво со некој друг.

7 причини зошто не треба да комуницирате преку Фејсбук

5. Неусогласени мислења

Кога ги објавувате вашите мисли јавно, очекувате да добиете некаков фидбек, во случајов да добиете „лајкови“ и/или коментари од вашите Фејсбук пријатели, преку кои тие го искажуваат нивното мислење околу вашиот статус. Но, во ситуациите кога ќе објавите некој посериозен статус, не можете да знаете како тој може да биде протолкуван од некоја друга особа и какви чувства побудува кај истата. Затоа, пред да објавите нешто на вашиот профил, имајте на ум какви пријатели имате и дали со тој статус би повредиле или испровоцирале некого на коментирање.

6. „Онлајн-тепачки“

Сите овие недоразбирања и проблеми можат до доведат до „онлајн-тепачка“. Кој не ги мрази оние лоши надмудрувања, во кои се прават муабети на празно, поради неможноста целосно да се искажат раскараните страни!? Најлошиот дел е што овие конфронтации и провокации, имаат големо влијание и во офлајн-животот на истите луѓе.

7 причини зошто не треба да комуницирате преку Фејсбук

7. Комуникацијата е безлична

Можеби најважното нешто е тоа што, обидот да се комуницира за важни работи на Фејсбук е безличен. Сосема е во ред вашите пријатели на Фејсбук да дознаат дека од сингл станувате зафатен, во врска или верен/а, но дали мислите дека и вашите блиски и семејството треба истото да го дознаат на овој начин? Исто така, обидете се личните работи да ги кажувате на луѓето в лице и со нив да разговарате за проблемите во живо, а не да се жалите преку оставање статус.

Какво е вашето размислување за комуникацијата која се остварува на Фејсбук?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Даниела Reply

    Јас немам Фејсбук-профил и горда сум на тоа што сум една од ретките. Секој си има различно мислење и има право на истото, но јас лично немам потреба од таков вид на комуникација, а патем не ми се ни допаѓа и немам причина да отворам профил бидејќи сите ми го велат тоа. Моите пријатели веќе сфатија дека џабе ме тераат и сега одржуваме контакт преку телефон и нормално во живо на кафенце. И супер е. :)
    Јас сум многу друштвена и сакам постојано да сум во покрет и меѓу луѓе, макар и непознати на улица. Така да, јас не се вртам дома и ги користам максимално деновите. Интернет користам само да прочитам нешто на вашиов и сличните сајтови. И на сите што сакаат да се чувствуваат социјално поисполнето, им препорачувам да преферираат комуникација во живо. Поздрав. :)

    • aleks Reply

      daj mi link ako si drustvena pozz

  2. vik Reply

    И јас немам фејсбук профил, имав ама пред 2 год скоро го избришав, и воопшто не ми недостасува, затоа што со него ми беше досадно на ФБ, а што всушност има интересно на ФБ? бљак ..нема ништо интересно, и кога го имав само покерче понекогаш играв и ништо повеќе.

  3. Анонимна Reply

    Целосно се согласувам со Даниела! :) Имав фејсбук и секако бев зависна од него, постојаното проверување дали некој пишал, лајкнал и слично знаеја да ми го изгубат цел ден..а единствената причина поради која што имав фејсбук беше бидејки сите останати имаа, и ако јас немам би се чувствувала како да ‘не сум во тек со работите’. Го избришав, и не зажалив.. Ништо не се смени во моето дружење..Нормално сеуште комуницирам со сите мои пријатели преку телефон и смс.
    Ужасно го мрзам фејсбукот бидејки сметам дека не донесува ама баш никакво добро.
    Доколку сакате да се чуете со некој од странство постои Skype, а доколку сакате да пишувате со некој од странство постои Mail кои јас редовно го користам. Фејсбукот воопшто не е потребен.
    Човекот стана зависен од компјутерот и фејсбукот и социјализирањето се повеке и повеке се намалува за жал.
    Доколку сакате, топло ви препорачувам да го избришете фејсбукот, нема да зажалите :)

  4. katterina Reply

    HAHAHA GLUPOSTI SO SE RAZBIRATE VIE OD KALEMIRAJNE ZELKI :pppppppp hehehehe

  5. Srcus88 Reply

    jas imam FB i voopsto ne mi e dosadno ednaostavno si naogam vreme za se i da pogledanam sto kako ima i da se vidam so prijatelite vo zivo nemora da znaci deka ako imas Facebook profil deka nisto ne se moze drugo da se napravi vo zivotot ednostavno toa e internet mreza kade sto lujgeto moze da se pozabavuvaat pozdraz :)))

  6. luda4kataaaaa Reply

    da mislam deka FB ja narusuva privatnostaaa……..no mislam i deka e dobar zatoa sto skoro polovina od prijatelite mi se od stranstvoo.. komunicirame preku skype no FB go koristime neli bidejki na nego se stavaamt sliki da gi vidam da vidam dali se izmenile kako si pominuvaat i drugoo….i na skype mozes da se gledash no vo momentot ako se na4ekate a vaka ke gi gledam postojano koga sakam…i spored mene FB ima i dobra i losa strana =)) =)) =)) :)

  7. Helix Reply

    Samiot FB e ednakov na odolgovlekuvanje i mi se chini deka e namenet za sozdavanje na edna mrzovolna nacija. Iako mozebi sluzi za odrzuvanje na kontaktite so lugeto od podalecnata okolina sepak se pretvora vo nekoja cudna moda vo cija sto mreza ( recisi) site se fateni i do nekade paralizirani. Korisen e dokolku nie lugeto imame granici dodeka go koristime, no neretko se sluchuva da go izgubime dopirot so realnosta i da se udavime vo virtuelniot svet na FB. KOrisnik sum na FB i zatoa od licno iskustvo gi spodeluvam iskustvata na t.n. lifestyle.

  8. Aleksandar Reply

    Јас имам Фејсбук-профил и горд сум на тоа што сум еден од тие 750 милиони луге кој што се корисници. Да секој си има различно мислење и има право на истото. Но јас лично си имам компанија која ја наместо да одам да ангажирам луѓе или пак некоја фирма да подели флаери низ цело Скопје јас тоа го правам преку Фејсбук. Типчето што го измисли е мозок и горд сум тоа што му текнало за идејата и што му е успешна за толку краток временски период да собере толку луѓе.
    Мало потсетување и статистика:

    People on Facebook

    * More than 750 million active users
    * 50% of our active users log on to Facebook in any given day
    * Average user has 130 friends
    * People spend over 700 billion minutes per month on Facebook

    Activity on Facebook
    * There are over 900 million objects that people interact with (pages, groups, events and community pages)
    * Average user is connected to 80 community pages, groups and events
    * Average user creates 90 pieces of content each month
    * More than 30 billion pieces of content (web links, news stories, blog posts, notes, photo albums, etc.) shared each month.

    Global Reach
    * More than 70 translations available on the site
    * About 70% of Facebook users are outside the United States
    * Over 300,000 users helped translate the site through the translations application

    Platform
    * Entrepreneurs and developers from more than 190 countries build with Facebook Platform
    * People on Facebook install 20 million applications every day
    * Every month, more than 250 million people engage with Facebook on external websites
    * Since social plugins launched in April 2010, an average of 10,000 new websites integrate with Facebook every day
    * More than 2.5 million websites have integrated with Facebook, including over 80 of comScore’s U.S. Top 100 websites and over half of comScore’s Global Top 100 websites

    Mobile
    * There are more than 250 million active users currently accessing Facebook through their mobile devices.
    * People that use Facebook on their mobile devices are twice as active on Facebook than non-mobile users.
    * There are more than 200 mobile operators in 60 countries working to deploy and promote Facebook mobile products

    Профит ?
    Прочитајте го делот од Platform? Зарем не гледате дека повеќе од 2,5милиони луѓе ја интегрираат страницата нивна со фејсбук и наскоро сето тоа колку повеќе пари да земат ќе запоќнат да нема регистрација на страницата туку најава само преку фејсбук како што сте го забележале тоа.

    За тие што немаат фејсбук?

    Денес е лошо да се каже дека немаш фејсбук или ќе те направат заостаната личност или нешто повеќе од тоа. Skype за комуникација и тој е веќе интегриран со Фејсбук и уште малку и преку фејсбук ќе се зборува и комуницира (видео чат). Па редно е да размислите вие што немате фејсбук во иднина доколку сакате да одбегнете некој Х трачеви зафрканции и било што кој што ќе бидат на ваша сметка и дали вие ќе бидете повредени и метата поради тоа што немате фејсбук, подобро е да си направите фејсбук и да не го користите, или пак започнете лажете ги пријателите кога ќе ве прашаат да имам фејсбук но лозинката од фејсбук и маилот каде што го регистрирав фејсбук-от ги заборавив, треба да си направам нов.

    П.С Баба ми што има 89 години па има фејсбук и нејзиниот Relationship статус е SINGLE алоооо!

  9. Катерина Reply

    Александар потполно се сложувам. Фејсбук ни ги отвара видиците и не значи дека ако го имаме сме идиоти кои седат дома по цел ден со комп во ракпа. Јас на пример го имам затоа што живеам милиони километри далеку од моите родители и моите пријатели па само така знам што се случува во МК и како се одвиваат рабптите.
    Точно е тоа дека во горенаведената статија се наведени многу факти мегјутоа правила на комуникација нема. Јас по десет години го најдов моето бившо момче на ФБ и сега сум мажена за него и многу среќна. Така да луѓето можат да судат јавно меѓутоа се зависи кој со каква цел го користи својот профил. И мене би ми се смачил ФБ да играм игри на него и да шпионорам нечии профили, меѓутоа мојот профил е еден меѓу првите и постои од 2006 год кога многу малку во МК знаеја за фејсбук.

Остави коментар