6 мобилни апликации кои ви се неопходни кога патувате

6 мобилни апликации кои ви се неопходни кога патувате

Апликациите постојат за да ни го олеснат животот. Од апликации за вежбање, до оние за шопинг, забава и организација, во денешно време скоро за сѐ постои апликација. Тие ни го прават животот поедноставен, а од тоа не се исклучок и патувањата. Овие апликации ќе ви помогнат правилно да се спакувате, добро да се организирате и да бидете поефикасни.

0-6-aplikacii-koi-vi-se-neophodni-koga-patuvate-kafepauza.mk

1. Tripit

Ако ви е смачено од патувања со купишта хартии од резервации и билети, тогаш оваа апликација (ајфон, андроид) ќе ви ја олесни организацијата и ќе ви го направи патувањето поедноставно. Апликацијата функционира така што ги собира сите имејл-пораки поврзани со вашите патувања и потоа прави детален план кој вклучува организација на релевантните информации и нивна достапност. Ставете му крај на буричкањето по вашиот инбокс и изгубените резервации. Со Tripit сите резервации ви се на дланка.

2. Around Me

Иако оваа апликација (ајфон, андроид) е корисна и за во местото на живеење, сепак кога патувате таа навистина доаѓа до израз. Around Me е одлична апликација која ви овозможува да ги погледнете различните нешта како банки, ресторани или шопинг центри за да одредите што има околу вас. Го барате најблискиот банкомат? Само внесете ја категоријата за банкомати. Не само што ќе ви ја даде најблиската локација до вас туку и ќе ви каже како да стигнете до неа.

3. Pack Point

Без разлика колку често патуваме, секогаш трошиме време на составување на листа за патување и скоро секогаш нешто забораваме. Pack Point ќе се погрижи повеќе никогаш ништо да не заборавите. Откако ќе ви бидат поставени неколку едноставни прашања околу вашето патување, оваа апликација (ајфон, андроид) ќе направи листа на работите кои треба да ги спакувате врз база на годишното време, активностите што ги имате и локацијата на која одите. После оваа апликација, сигурно нема да ги заборавите чорапите или четката за заби.

4. City Maps to Go

Ако имате долга листа на места кои треба да ги посетите на одредено патување, внесете ги сите во оваа апликација (ајфон, андроид) и пристапете до нивните мапи за време на патувањето. Не се грижете за роаминг трошоците бидејќи не ви е потребна мобилна мрежа ниту роаминг за да ги отворите мапите. Исто така, апликацијата е одлична за организација и групирање на деновите, како и за да научите нешто повеќе околу местото кое го посетувате.

5. Hopper

Hopper е одлична ајфон апликација, за оние кои сакаат да наоѓаат најповолни цени на летови. Оваа апликација ги анализира летовите и предвидува кога тие ќе бидат најевтини. Уште една позитивна карактеристика е тоа што можете да наместите аларм кој ќе ве потсети дека летот што го барате има поволна цена. Иако постојат многу агрегатори за летови, овој има огромна количина на информации и е одличен планер.

6. Duo Lingo

Факт е дека е многу тешко да се снајдете во место каде што не го познавате јазикот. Ако патувате во земја чиј јазик слабо го познавате, тогаш дефинитивно инсталирајте го Duo Lingo. Duo Lingo е одлична почетна точка за да се запознаете со нечиј јазик и култура. Преку оваа апликација (ајфон, андроид) на забавен начин ќе го научите јазикот или неколку фрази кои ви се потребни додека престојувате во таа земја.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар