5 одлични уреди со чија помош учењето ќе ви биде полесно и помалку нервозно

Подготовката за испити никогаш не била забавна активност. Имено, секогаш постојат некои поинтересни активности кои може да ви го одвлечат вниманието во времето кога треба да учите. Но, покрај сѐ, тоа е нешто што порано или подоцна мора да го направите со цел да го завршите вашето образование. За да ви биде оваа активност полесна, постојат некои уреди кои ќе ви помогнат во тоа. Погледнете за што станува збор.

1. Тенка плочка

5 уреди со чија помош учењето ќе ви биде полесно и помалку нервозно

Кога сте под стрес и сте фокусирани на материјалот кој треба да го научите, лесно е да изгубите некои лични работи како што е вашиот ранец, паричникот и други важни нешта. Со оваа тенка плочка, која чини 30 долари и која лесно можете да ја вметнете во вашиот паричник или ранец, лесно ќе можете да ги пронајдете своите изгубени работи.

2. Ранец со вградена батерија

5 уреди со чија помош учењето ќе ви биде полесно и помалку нервозно

Доколку не учите во вашата соба и посетувате читална или библиотека, енергетскиот ранец Tylt е решението за вас. Тој чини 135 долари и е со вградена батерија која ви овозможува полнење на вашиот лаптоп компјутер, таблет и многу други електронски уреди. Ова е одличен производ кој ќе ви даде сигурност дека вашите уреди никогаш нема да останат без батерија.

3. Проектор за тастатура

5 уреди со чија помош учењето ќе ви биде полесно и помалку нервозно

Дали кога станува збор за пишување одредени забелешки вие претпочитате да го користите вашиот таблет? Тогаш решението е овој проектор за тастатура кој чини 100 долари и е уред кој ќе ви овозможи полесно и поефикасно користење на вашиот таблет или телефон.

4. Мазни слушалки

5 уреди со чија помош учењето ќе ви биде полесно и помалку нервозно

Читалните, библиотеките и другите места може да бидат навистина бучни, па затоа, овие слушалки кои чинат 200 долари се решението за вас. Тие лесно се вклопуваат на вашите уши, имаат удобни перничиња и изгледаат прекрасно.

5. Преносна батерија

5 уреди со чија помош учењето ќе ви биде полесно и помалку нервозно

Без разлика каков телефон поседувате, вреди да вложите пари во преносна батерија. Mophie Powerstation 3X чини 80 долари и е многу тенка што речиси не зафаќа простор во вашата торба, а може да полни и два уреда истовремено.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар