5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате

5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате

Појавата на ајфонот дефинитивно направи огромна промена во нашите животи и како што поминува времето сè повеќе и повеќе ја буди креативноста кај луѓето. Погледнете ги наредниве неколку одлични апликации и додатоци кои секојдневно привлекуваат нови корисници од сите возрасти…

Instaprint

5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги иматеInstaprint е додаток за апликацијата Instagram кој има улога на полароид, но со мала промена. Овој додаток нема да има потреба од мастило, туку сите бои ќе ги извлекува директно од хартијата. Тој ќе има далечински управувач и ќе можете безжично да се поврзете со него. Моментално се работи на прототипот, но се очекува во брзо време да се појави во продажба.


Sphero

5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги иматеСтанува збор за првата роботска топка која ќе можете да ја контролирате преку апликација од вашиот ајфон. Таа има можност и за сингл и за мултиплеер комбинација каде што дефинитивно има несекојдневно испреплетување на виртуелниот и реалниот свет преку игра. Цената на Sphero изнесува 129.99 долари.


Jawbone Up

5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги иматеНашето здравје е едно од најважните работи и овој додаток ни овозможува да живееме многу поздраво. Во комбинација со апликација на вашиот ајфон можете постојано да имате извештај за тоа колку спиете, како ги поминувате фазите на спиењето, колку одите, колку калории согорувате, како и многу други работи. Со помош на овој извештај можете од ден на ден брзо и лесно да си го подобрувате вашето здравје. Цената на додатокот изнесува 184.99 долари.


Withings Blood Pressure Monitor

5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги иматеОвој додаток ви овозможува динамично мерење на вашиот крвен притисок и отчукувањето на срцето. Тој се поврзува директно со вашиот ајфон, ајпод или ајпад и овозможува едноставна и удобна проверка која можете да ја направите во секое време. Цената на овој додаток е 112.39 долари.


Griffin Helo TC Helicopter

5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги иматеФирмата Грифин веќе подолго време произведува добро познати продукти за „Apple.“ Во овој случај нивната цел е да измамат насмевка на вашето лице со помош на новата играчка – хелихоптер. Овој додаток за ајфон се контролира преку апликација која има виртуелен џоистик со кои можете да го движите хеликоптерот напред, назад и на страна. Апликацијата е бесплатна, но додатокот чини 60 долари.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар