4 погрешни начини на коишто ја користите технологијата

Многу од корисниците на смартфони и таблети истите ги користат погрешно, без притоа да го сфатат тоа. На овој начин не само што не се искористуваат голем дел од нивните можности, туку и се отежнува нивната употреба. Ви прикажуваме дел од најчестите грешки, како и правилниот начин на кој треба да ги употребувате.

4 погрешни начини на коишто ја користите технологијата

Прва грешка: Селфи фотографирање со рака

Кажете им збогум на човечките екстремитети коишто опфаќаат половина од вашата фотографија! Отворете ја апликацијата за камерата, ставете ги слушалките на смартфонот и поставете го некаде пред вас. Кликнете на копчето за зголемување на волуменот којшто се наоѓа на слушалките и направете ја вашата селфи фотографија, исто како со далечински управувач!

Втора грешка: Ги оставате вклучени интернетот и блутутот

Ако интернетот и блутутот ви се вклучени постојано, дури и кога не ви се потребни, тие го забрзуваат слабеењето на вашата батерија, па затоа е добро да ги исклучувате секогаш кога сте во можност. Исто така, доколку сакате вашиот телефон да се полни побргу, вклучете ја опцијата за патување со авион.

Трета грешка: Снимате видео со телефон во вертикална положба

За да снимате видео, свртете го телефонот хоризонтално. На овој начин, кога ќе го прикачувате видеото на Јутјуб, видеото ќе биде многу подобро и попрегледно. Исто како да гледате филм.

Четврта грешка: Пишувате на вашиот таблет користејќи ја нормалната тастатура

Држењето на таблетот над вашата глава не само што е тешко, туку е и опасно! Кога не пишувате потпрени врз вашето биро, поделете ја тастатурата со цел да ви биде поедноставно. Поставете ги двата прста на средината од тастатурата, а потоа раширете ги. На овој начин ќе имате одвоена тастатура, па ќе можете да пишувате само со вашите палци.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар