4 генијални начини да ги поправите најздодевните проблеми со технологијата

Технологијата ни го олеснува животот, но понекогаш може и да ни создаде многу непланирани проблеми. Токму затоа и решивме да споделиме со вас неколку совети што ќе ви помогнат на алтернативен начин да се справите со недостатоците на технологијата и да го искористите нејзиниот потенцијал во целост.

Проблем #1 – Голем број лозинки на парче хартија

(1) 4-genijalni-nachini-da-gi-popravite-najzdodevnite-problemi-so-tehnologijata-www.kafepauza.mk

Се случува и секојдневно да создаваме нови лозинки, па ако се надевате дека ќе ги помните сите или ги запишувате на лист хартија, тогаш ќе си го отежнете животот повеќе одошто можете да замислите.

Решение: Менаџер за лозинки

(2) 4-genijalni-nachini-da-gi-popravite-najzdodevnite-problemi-so-tehnologijata-www.kafepauza.mk

Можеби ќе ви звучи чудно, но потребна ви е уште една лозинка за да можете да ги менаџирате останатите. Во моментов најдобриот менаџер за лозинки што постои е Last Pass. Тој е брз, безбеден, бесплатен и работи подеднакво добро и на смартфон и на лаптоп.

Апликацијата ги помни вашите податоци и автоматски ги додава лозинки кога треба да се најавите на некој акаунт. Како дополнителна заштита, вие можете да активирате известување така што ќе добивате пораки секој пат кога ќе се вклучите.

Постојат уште 2 добри опции: 1password и Dashlane.

Проблем #2 – Бавен интернет

(3) 4-genijalni-nachini-da-gi-popravite-najzdodevnite-problemi-so-tehnologijata-www.kafepauza.mk

Колку е стар вашиот рутер? Доколку ви се потребни повеќе од 30 секунди да одговорите на ова прашање, тогаш веќе е надминато времето за негова промена. Технологијата постојано емитува големи количини податоци, па ако вашиот рутер е застарен, тогаш тоа е причината зошто целата работа ви забавува.

Решение: Променет го рутерот

(4) 4-genijalni-nachini-da-gi-popravite-najzdodevnite-problemi-so-tehnologijata-www.kafepauza.mk

Рутерот не е скап, но е одлична инвестиција доколку сакате брз интернет. Исто така кога бирате, имајте на ум некој од подобрите брендови, како на пример, TP-Link. Внимавајте и на фреквенцијата со која се емитува безжичната мрежа – постојат рутери со двојна фреквенција, обичната од 2,4 GHz и онаа од 5 GHz, па најдобар избор ви е токму оваа комбинација.

Проблем #3 – Брзо трошење на батеријата на мобилниот телефон

(5) 4-genijalni-nachini-da-gi-popravite-najzdodevnite-problemi-so-tehnologijata-www.kafepauza.mk

Секоја година произведувачите на смартфони ветуваат зголемување на животот на батеријата. Но по 6 месеци од купувањето нов смартфон, батеријата почнува сè помалку да трае. Доколку сакате да го избегнете овој проблем, треба да внимавате уште од самиот почеток.

Решение: Правилно полнење

(6) 4-genijalni-nachini-da-gi-popravite-najzdodevnite-problemi-so-tehnologijata-www.kafepauza.mk

Скоро секој смартфон има батерија Li-ion. Таа е дизајнирана за отприлика 400-600 циклуси, но ако ја полните правилно, бројот на циклуси може да биде зголемен и до 1.000-1.100. Трикот е да не чекате вашиот мобилен да се исклучи пред да го ставите на полнач. Всушност, правете го тоа кога батеријата ќе достигне до 20%. Исто така, не го оставајте мобилниот на полнач откако ќе се наполни батеријата бидејќи и ова го намалува нејзиното траење.

Проблем #4 – Повеќе плаќате ако ја чувате историјата на прелистувања

(7) 4-genijalni-nachini-da-gi-popravite-najzdodevnite-problemi-so-tehnologijata-www.kafepauza.mk

Вашиот прелистувач од почеток ви ја чува целата историја за да ви го олесни пребарувањето и да не мора да внесете лозинка секој пат кога ќе се вклучите на некој акаунт. Но проблемот се јавува кога овие информации се користат за маркетиншки трикови.

На пример, вие наоѓате атрактивна цена за лет или хотел и потоа проверувате на други веб-сајтови дали ќе најдете подобра понуда. Ако не успеете, се враќате на првата локација и забележувате дека цената се зголемила. Со оглед на тоа што вашата историја на прелистување им покажала дека сте заинтересирани, зошто да не ве натераат да платите малку повеќе?

Решение: Редовно чистење кеш на прелистувач

(8) 4-genijalni-nachini-da-gi-popravite-najzdodevnite-problemi-so-tehnologijata-www.kafepauza.mk

Купувајте само во инкогнито и редовно чистете го кешот на вашиот прелистувач. Не мора целосно да ја бришете историјата, бидејќи многу од колачињата се корисни – тие ги помнат вашите информации и ги вклучуваат кога сакате да се вратите назад на тој веб-сајт. Можат да ви ја запомнат и локацијата и во однос на неа да ви ги дадат најсоодветните информации, како на пример, временската прогноза за вашиот град.

Доколку сакате да ги зачувате овие податоци, но сакате да заштедите при купување, постојат начини на кој можете да го сторите тоа во зависност од прелистувачот што го користите:

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар