3 неопходни гаџети во 1 мобилен уред

Бенто e компјутерски систем кој вклучува лаптоп, таблет и смартфон во еден компактен мобилен уред, овозможувајќи нивна поврзана работа, како и лесна подвижност на секој од уредите поединечно.3 неопходни гаџети во 1 мобилен уред3 неопходни гаџети во 1 мобилен уред

„Нашите алатки варираат по големина и по функција во согласност со нивната специфична функција. Компјутерите исто така, доаѓаат во различни форми, оптимизрани за конкретен контекст. Иако напредокот во дизајнот и инженерството влијаеја на намалување на нивната тежина, корисниците и понатаму носат повеќе уреди наеднаш, бидејќи секој од нив не ги задоволува сите потреби.“

3 неопходни гаџети во 1 мобилен уред.

„Ако набљудувате како корисниците ги користат сите тие уреди во текот на денот, ќе заклучите дека не ги користат истовремено.“

3 неопходни гаџети во 1 мобилен уредНо, со Бенто, и ова би било возможно. Сите три уреди можат да функционираат во синергија. Предноста е што секој уред може да се користи независно и како дел од системот. А откако ќе завршите работејќи на секој од нив, ги пакувате во една кутија, наместо да им барате место во чантата.3 неопходни гаџети во 1 мобилен уредСетот од гаџети се состои од еден 15 милиметри тенок лаптоп, кој претставува столб што ги поврзува сите мобилни уреди: мулти тач тастатура, соларна батерија, мобилен телефон и уред за складирање податоци. Кога сите уреди се на своето место, системот станува лаптоп. 3 неопходни гаџети во 1 мобилен уредТастатурата е всушност таблет, а во улога на тракпад е мобилниот телефон.3 неопходни гаџети во 1 мобилен уредТаблетот може да се користи и како секундарен дисплеј, за цртање или свирење по ноти.3 неопходни гаџети во 1 мобилен уредОвој концепт влезе во потесен круг помеѓу повеќе од 1000 проекти кои беа пријавени за наградата за дизајн од FUJITSU на тема: „Животот со компјутерите во иднина“, организиран во соработка со Designboom.3 неопходни гаџети во 1 мобилен уредКога се сите уреди наполнети, можат да се откачат од системот, но сепак да функционираат поврзано преку безжична врска.
3 неопходни гаџети во 1 мобилен уредБенто е сега за сега концепт, зад кој стои дизајнерот Рене Ли, но не би било лошо доколку ваков производ всушност стане достапен на пазарот. Би го купиле?
3 неопходни гаџети во 1 мобилен уред

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар