3 начини да дознаете кој престанал да ве следи на Твитер

Колку што е брзо и динамично споделувањето информации, досетки и лични состојби преку Твитер, толку е и тешко да се следат сите тие пораки од по 140 карактери кои постојано скокаат од нашите омилени клиент-програми.

3 начини да дознаете кој престанал да ве следи на Твитер

Некогаш ќе му здодеете на некој и тој ќе престане да ве следи, друг пат пак, вие ќе го преземете тој чекор кога некој ќе го премине вашиот праг на толеранција. Во секој случај, како што пораката од еден познат твит вели:
.

„Еве еден трик за Твитер: Можеш да избереш точно кого сакаш да следиш, исто како и сите останати.“

Сепак, личното право е едно, но љубопитноста и желбата да видиме кој дигнал раце од нас, се поголеми од сѐ. Затоа, еве 3 алатки кои ќе ви овозможат да не се прашувате кој кориснкик на твитер е причината за намалување на бројот на вашите следачи.
.

  1. Unfollowr
    3 начини да дознаете кој престанал да ве следи на Твитер Ако почнете да го следите Анфолоуер, секогаш кога некој ќе престане да ве следи, ќе добиете нотификација преку директна порака или имејл.
    ..
  2. Qwitter
    3 начини да дознаете кој престанал да ве следи на Твитер Квитер оди еден чекор понатаму. Не само што ќе добивате имејл секој ден со информации дека некој престанал да ве следи, туку ќе бидете потсетени и на последниот твит кој сте го испратиле пред вашиот следач да го притисне непосакуваното Unfollow. За последново и за уште неколку други карактеристики треба да ја изберете премиум опцијата која чини 5 долари годишно.
    ..
  3. Goodbye, Buddy
    3 начини да дознаете кој престанал да ве следи на Твитер Ако се регистрирате на Гудбај, бади, секој ден ќе добивате преглед на последните 30 следачи кои престанале да ве следат. За корисниците кои имаат потреба од статистика со покрупни бројки, постои премиум опција со која за 2 долари месечно, може да се добива евиденција на последните 150 откажани следачи, секој час.
    .

Qwitter http://useqwitter.com/

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар