18 едноставни трикови за поуспешно пребарување на Гугл

18 едноставни трикови за поуспешно пребарување на Гугл

Автор: Петар Тодоровски

Доколку пребарувањето на одреден поим на Гугл ви изгледа како барање игла во сено, тоа е знак дека не го користите пребарувачот со сиот свој потенцијал. Многумина се соочуваат со моментот, кога пребарувачот дава резултати кои се слични на оние што ги бараат, но не и токму тие што им требаат. Тоа не значи дека воопшто не постојат такви информации на интернет, туку само дека не се пронајдени. Гугл може да најде што било во морето од податоци на интернет, а со примена на овие едноставни трикови кои многу лесно се учат, пронаоѓањето на потребните информации на интернет ќе ви стане рутина.18 едноставни трикови за поуспешно пребарување на ГуглИсклучување на зборови – ако сакате да истражувате на пример за интернет маркетинг, а притоа да ги избегнете содржините поврзани со адвертајзинг, внесете го знакот минус (–) пред терминот за кој сакате Гугл да не ви даде резултати.

  • Пример: internet marketing -advertising

Пребарување за точно определен веб сајт – некои сајтови имаат вградено внатрешен пребарувач и доста е лесно да се истражуваат нивните содржини, но ако налетате на таков кој ја нема оваа карактеристика, можете да го употребите Гугл за тоа, со едноставно внесување на сајтот во полето за пребарување.

  • Пример: рецепти за кафе site:www.kafepauza.mk

Одреден тип на фајл – ако барате точно определен тип на фајл, вметнете го зборот „filetype:“.

  • Пример: “internet marketing” filetype:ppt

Пребарување на опсег на броеви – пребарувањето на опсег на броеви може да биде многу комплицирано, но со употреба на овој трик ќе заштедите многу време. При пребарување на години или цени само вметнете две точки една по друга помеѓу броевите.

  • Пример: war battles 1940..1950

Податоци од светските берзи – за побрзо пребарување на состојбите на светските берзи потребно е само да ја внесете кратенката во полето за пребарување на Гугл.

  • Пример: GOOG

Пресметување – Гугл може да се користи дури и како калкулатор, па за да не губите време за отворање на соодветната апликација, само внесете ја формулата во полето за пребарување.

  • Пример: 351*9.03

Точно време за кое било место во светот – само внесете „time in“ пред местото за кое сакате да дознаете колку е часот таму во моментот.

  • Пример: time in Melbourne

Гугл како конвертор – наместо да барате конвертори за конвертирање валути, мерни единици и слично, треба само да напишете од што во што сакате да конвертирате во полето за пребарување.

  • Пример: 142 American dollars to euros, или kilograms to pounds или 202 usd to eur

Слични сајтови – ако знаете некој веб-сајт на кој често читате многу интересни содржини, а сакате да најдете уште некој таков, внесете „related:“, а потоа впишете го и името на сајтот што го знаете.

  • Пример: related:www.goal.com

Следење на поштенски пратки – ако праќате или очекувате пратка, а не знаете до каде е стигната, Гугл може да ви понуди одговор откако само ќе го внесете бројот на пратката во пребарувачот.

  • Пример: 1Z99965546

Временска состојба – Гугл преку полето за пребарување може да ви го даде најбрзиот извештај за моменталните температури за кое било место во светот, преку едноставно впишување „weather in“ пред локацијата.

  • Пример: weather in Ohrid

Барање на мапа – до познатиот сервис „Google Maps“ најлесно се стигнува преку основниот пребарувач, со едноставно вметнување на зборот „map“ пред градот за кој барате мапа.

  • Пример: map Skopje

Временско ограничување на резултатите – на левата страна од пребарувачот можете да изберете резултати поставени во одреден временски период. Ова е особено корисно кога барате вести, така што може да изберете дали сакате резултати од последните 24 часа, од последната недела, последната година, итн.

Ограничување на резултатите според други параметри – откако ќе добиете одредени резултати, преку менито на левата страна можете да го стесните изборот по повеќе дадени параметри: дотогаш посетени или непосетени страници, страници со слики, страници преведени од други јазици итн.

Барање слики по одредени параметри – внесете го вашиот поим во „Google Images“, а потоа на левата страна ќе најдете мени со безброј можности кои ќе го стеснат изборот на резултати и полесно ќе го добиете она што сте го барале. Можете да ја изберете големината на сликата, бојата која ќе доминира на неа, датумот кога е поставена, видот на сликата итн.

Пребарување на слични слики – ако сте добиле слика слична на онаа што сте ја барале, но не баш таа, покажете со курсорот на сликата, таа ќе се зголеми, па кликнете на линкот „Similar“, и ќе ги добиете визуелно сличните слики. Ако пак, ви треба истата слика, но со поинакви димензии, кликнете на линкот „More sizes“, по што ќе ја добиете само таа слика во сите можни димензии кои Гугл успеал да ги пронајде.

Доколку сте нашле слика од која сакате слични верзии, отворете го „Google Images“ во друго јазиче. Потоа покажете со курсорот врз сликата, притиснете го левото копче на глувчето и држете го притиснато додека курсорот го носите до полето за пребарување во другото јазиче. Кога ќе покажете врз полето, ќе се отвори полето „Drop image here“, па го пуштате левото копче и Гугл ќе ја најде сликата во поинакви димензии. Истово функционира и со слика која ја имате зачувано на вашиот компјутер.

Барање слики од лица – со вистинскиот начин на пребарување од Гугл може да се добијат резултати само од лица. Ова е многу корисно во случаите кога името на оној за кого барате слика означува и некој друг поим (на пример барате слика од Парис Хилтон, а добивате слика од градот Париз). Потребно е само да додадете „&imgtype=face“ во пребарувачот и ќе добиете слики од лица, меѓу кои би требало да е и она што го барате. Оваа опција е достапна и во вид на линк од левата страна на пребарувачот за слики.

  • Пример: Paris &imgtype=face

Комбинирање на претходните трикови – сите овие трикови може до бескрај да се комбинираат во само едно пребарување со цел да се добијат што попрецизни резултати.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Igor Reply

    Користењето на наводници исто така е корисна опција.
    На пример ако барате Интернет Маркетинг, освем за овај поим, ќе ви се појават резултати и за поимот интернет, но и за поимот маркетинг.
    Пример: “интернет маркетинг”

Остави коментар