11 футуристички гаџети и технологии кои докажуваат дека иднината не е многу далеку

Иднината е сѐ поблиску и поблиску до нас, но ние тоа не го чувствуваме. Голем дел од гаџетите што ги гледаме по филмовите полека почнуваат да постојат во вистинскиот свет. Кој би рекол дека од обични статични телефони ќе дојдеме до паметните телефони кои ги имаме денес? Освен паметните телефони има и многу други гаџети кои ни ја доближија иднината. А еве кои се тие.

1. „Паметна средина“ е проект кој може да го трансформира секој мал стан во луксузен апартман

Како што ќе се разбудите наутро, невидливите сензори полека ќе го спуштат креветот. Малото лавабо и огледалцето ќе излезат од ѕидот. А користејќи дигитални уреди (како телефон или таблет), гестикулација и говор за да комуницирате со просторот во којшто живеете, можете дневната да ја претворите во спална или кујната во канцеларија.

6-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mk

2. Егзокостимите ќе ги поместат границите на човечкото тело и ќе им помогнат на луѓето со инвалидитет

Војската на САД веќе ги тестирала овие костими во вежби создадени за да се намали заморот при одење или трчање на долги патеки или при кревање и носење тешки предмети. Исто така, некои од нив им помагаат на луѓето со инвалидитет да си ја повратат мобилноста и независноста. Замислете од количка да преминете на бионички нозе. Тоа би било супер нели?

1-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mk

3. 3Д печатењето ќе ги елиминира транспортот и шопингот

Иако 3Д печатењето е веќе тука, тоа фактички и не е баш тука. Мали се шансите веќе да сте користеле ваков принтер, но тоа наскоро ќе се смени. Во следните неколку години ќе можете да испечатите скоро сѐ што е направено од пластика или гума без да ја напуштите удобноста на сопствениот дом. Супер, сега сме еден чекор поблиску до исчезнување на човечката комуникација.

7-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mk

4. Невидливите наметки ќе го олеснат избегнувањето на непријатните средби

Моменталната невидлива наметка е невидлива само на радар. Но, научните принципи на вистинската невидлива наметка се скоро исти. Научниците кои го измислија овој уред велат дека истата наука со која се пренасочуваат радио брановите може да се користи за пренасочување на брановите кои ни овозможуваат да ги гледаме луѓето и предметите. Овој гаџет е одличен за тие моменти кога имате непријатна средба со бившиот партнер.

8-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mk

5. Со помош на нанотехнологијата многу мали нешта ќе можат да направат многу големи работи

Нанотехнологијата опфаќа многу ситни жици и струјни кола кои имаат моќ да направат многу големи работи. Сакале или не, најголемиот дел од апликациите на нанотехнологијата се имплантираат внатре во човечкото тело. Истражувањата покажуваат дека нанотехнологијата ќе може да развие спроведување на струја низ мастило, да открие рак уште во првите фази и да го излечи телото од разни болести со помош на самите клетки од телото.

2-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mk

6. Проектите за десоленизација ќе ја претворат водата од океаните во чиста вода за пиење

Процесот на употреба на жешки соларни фотонапонски ќелии за да се дестилира чиста вода од солена е веќе започнат во Кипар, Египет и Австралија. А плантажата во Карлсбад, Калифорнија се очекува да се појави онлајн уште оваа година.

9-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mk

7. Дигиталните графити ќе го разрешат конфликтот помеѓу јавниот имот и уметноста

Користејќи комбинација од дигитална уметност, фотографија и гео-тагирање, графитите можат да се најдат на секој ѕид. Некои апликации од овој вид технологија ви дозволуваат да користите одреден софтвер за да „цртате“ по ѕидовите. Други апликации дозволуваат да означите ѕидови со „скриени“ слики кои можат да се видат само преку паметен телефон или таблет.

3-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mk

8. Паметната облека ќе се спои со високата мода

Предноста на ваквиот гаџет е тоа што облеката од иднината изгледа сосема нормално и е пријатна за носење. Што ако вашите чорапи би можеле да го следат чукањето на срцето или да пресметаат колку калории сте согориле ? А вашите очила би можеле да го следат движењето на окото за да ви кажат дека е време да ги одморите очите? Или пак материјалот од облеката може да менува бои, па истата сукња да ја носите и на работа и за излегување? Одговорот на овие прашања наскоро пристигнува…

10-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mk

9. Гео-инженерингот ќе го разбие создавањето на урагани и торнада и можеби дури ќе ја олади Земјата

Научниците се обидуваат да го контролираат времето уште од 60-тите години на минатиот век, кога почнаа да ставаат сребрен јодид во ураганите за да ги распарчат. Нивната потрага по материјали кои имаат моќ да ги уништат природните катастрофи сѐ уште не завршила и моменталните гео-инженери работат на сите природни катастрофи – урагани, торнада па дури и создавање на пороен дожд во местата зафатени од суша како и отстранување на ефектот на глобалното затоплување.

11-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mk

10. Квантната технологија ќе биде закон!

Што е всушност таа: Основната единица на квантната технологија е кубитот – тој буквално се спротивставува на законите на физиката. Кубитот има можност да биде две нешта одеднаш. Исто така, во моментот кога се обидувате да сфатите како функционира – престанува да функционира. Она што со сигурност го знаеме е дека веќе постои квантен компјутер и тој е многу побрз и помоќен од сето она што моментално постои. Многу, многу помоќен и побрз.

12-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mk

11. Ховербордот е… ХОВЕРБОРД!!!

Ништо не асоцира на иднината како ховербордот кој конечно пристигна. Честито луѓе! Успеавме! Ова е иднината! Ние сме иднината!

4-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mk 5-11-gadzeti-i-tehnologii-koi-dokazuvaat-deka-idninata-i-ne-e-tolku-dalecna-kafepauza.mk

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар