10 Тесла модели кои можеме да ги очекуваме во блиска иднина

За електричните возила да направат промена во загадувањето на воздухот, потребно е да успеат во многу делови од пазарот. Со други зборови, електричните автомобили треба да бидат и луксузни, но и достапни за просечните луѓе. Треба да се користат во јавниот превоз, и како возила за работа. Мисијата на Елон Маск е токму тоа. Во продолжение погледнете ги 10-те возила кои најверојатно ќе ги видиме од Тесла во многу блиска иднина.

1. Тесла Модел 3

(1)10-tesla-modeli-koi-mozheme-da-gi-ochekuvame-vo-idnina-kafepauza.mk

Овој модел е гарантиран. Тесла Модел 3 доминираше во вестите за автомобили цел месец по објавувањето. Иако е потребно да се средат уште некои работи, неколку илјади луѓе оставиле 1.000 долари за да бидат дел од првите купувачи. Од Тесла ветуваат растојание од 346 километри, одлично забрзување и почетна цена од 35.000 долари. Кога станува збор за електричните возила во 2017 година, ова е најдоброто што постои.

2. Тесла пикап камион

(2)10-tesla-modeli-koi-mozheme-da-gi-ochekuvame-vo-idnina-kafepauza.mk

Поради големата потрошувачка на гориво, сигурно ви е јасно што би значело електричен пикап за околината. Маск и Тесла планираат да го направат тоа. За изгледот можеме само да погодуваме.

3. Тесла минибус

(3)10-tesla-modeli-koi-mozheme-da-gi-ochekuvame-vo-idnina-kafepauza.mk

Друг проект кој најверојатно ќе стане реалност е мал електричен автобус од Тесла. Маск има дискутирано за тоа дека се потребни помали јавни автобуси со подобро искористен ентериер. Во неговата визија овие автобуси би биле автономни и би разнесувале патници низ урбани средини. Покрај тоа, идејата е да ги разнесуваат патниците до нивниот дом.

4. Roadster 2.0

(4)10-tesla-modeli-koi-mozheme-da-gi-ochekuvame-vo-idnina-kafepauza.mk

Првиот автомобил од овој модел бил со цел да ја прослави компанијата. Тој бил брз и со многу висока цена. Со него од Тесла заработиле доволно пари за да почнат да работат на Модел S, што значи ја постигнале својата цел. Овој пат сакаат да направат вистински супер-автомобил.

5. Тесла полу-камион

(5)10-tesla-modeli-koi-mozheme-da-gi-ochekuvame-vo-idnina-kafepauza.mk

Маск најавил дека камионот на Тесла значително ќе ги намали трошоците за транспорт на стока. Истовремено ќе ја зголеми безбедноста и удобноста на возачот. Државите кои се обидуваат да ја намалат емисијата на штетни гасови речиси сигурно ќе бидат заинтересирани за ова возило.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар