10 случајни несакани последици од новите технологии - Part 2

10 случајни несакани последици од новите технологии

6. Индустријализацијата создава глобално звучно загадување

(6)10-slucajni-nesakani-efekti-od-novite-tehnologii-kafepauza.mk

Многу луѓе се свесни за загадувањето од хемикалии кое го предизвикува индустријата, но малкумина знаат за звучното и светлосното загадување. Кога ќе размислете, пред неколку века поголемиот дел од човечки направената врева не ни постоела. Немало авиони, електрани, радио или слични направи. Работите биле чисти и тивки, а секоја активност прекинувала навечер, дури и во најголемите градови. Денес е речиси невозможно да пронајдете место кое е ослободено од ваква врева. Една непрофитна организација, „One Square Inch“, се надева да направи национални паркови во САД над кои нема да има авиони. Тие сакаат да создадат барем мал простор кој ќе биде ослободен од звучното загадување.

7. Хипер-јамките може да имаат последици врз здравјето

(7)10-slucajni-nesakani-efekti-od-novite-tehnologii-kafepauza.mk

Елон Маск е навистина амбициозен човек. И покрај неговата област на работење, тој сепак нè предупредува за опасноста од вештачката интелигенција. Најновиот негов проект се хипер-јамките кои ќе ги „лансираат“ луѓето од едно до друго место со брзина од 1.300 километри на час. Маск се надева дека го подобрил концептот бидејќи го сместил возот во цевка со вакуум, со ова отстранувајќи го воздушниот отпор. Но, иако звучи интересно, некои сметаат дека и оваа идеја има недостатоци. Најголемиот проблем е што многу луѓе нема да можат да ја поднесат брзината, дури и ако движењето е праволиниско. Потоа, дури и најмалата дупка или проблем со вакуумот ќе биде катастрофален, бидејќи кога се движите со брзина од 1.300 километри на час, немате време за реагирање. Можеби ќе биде подобро овој систем да се користи за пренесување багаж или роба наместо луѓе.

8. 3Д печатачите се опасни за околината

(8)10-slucajni-nesakani-efekti-od-novite-tehnologii-kafepauza.mk

3Д печатачите се сметаа како најголемото напредување во технологијата, но нивната популарност како да опаѓа. Причината најверојатно е високата цена на оваа технологија. Никој не знае како да ги претстави овие печатачи освен како нешто ново. Фабриките пак сè уште им бараат примена. Сепак се очекува за многу брзо време 3Д печатачите да станат достапни за сите, но како се доближуваме до тој момент треба да најдеме решение за штетата која ја предизвикуваат. Првиот проблем е емисијата на гас. „Домашните“ печатачи емитуваат исто толку гас колку и една цигара. Иако можеби не е многу, сепак треба да се реши овој проблем. Покрај тоа, 3Д печатачите користат евтина пластика која не се разградува, и затоа е многу лоша за околината. Со нивното прославување, употребата на оваа пластика само ќе се зголеми наместо да се намалува.

9. Играчките ласери може да ги заслепат пилотите

(9)10-slucajni-nesakani-efekti-od-novite-tehnologii-kafepauza.mk

Ласерската технологија е толку многу развиена, што денес секој од нас може да си купи ласер. На многу Интернет страници можете да најдете евтини ласери со многу голем домет и многу голема моќ. Но важно е да разберете дека тие не се играчки. Постојат многу случаи во кои деца го изгубиле видот, трајно или привремено, бидејќи си светеле во очите. Многу луѓе пак сакаат да ги насочуваат ласерите кон авионите, а ова не е добра идеја. Зависи од висината на авионот, но ласерот може да има доволно голем домет за да стигне до пилотската кабина и да ги заслепи пилотите. Ова ќе им го отежни слетувањето, но може и да им ја заврши кариерата така што трајно ќе им се оштети видот. Ласерите никогаш не треба да ги насочувате кон автомобили, авиони, луѓе или што било во движење.

10. Интернетот има ехо соба за злобни луѓе

(10)10-slucajni-nesakani-efekti-od-novite-tehnologii-kafepauza.mk

Интернетот го промени светот, и тоа за многу брзо време. Денес можете да станете од вашиот кревет и веднаш да проверите што се случува на другиот крај на светот. Сите луѓе се поврзани, а информации од секаков вид буквално се наоѓаат во вашата дланка. Но, има и лоша страна на оваа поврзаност. Педофилите и другите злобни луѓе може да најдат милиони како нив со помош на Интернетот, и да споделуваат „искуства“ од нивните злодела. Тие успешно создаваат ехо соби каде го оправдуваат нивното болно однесување. Не само педофилите, туку и секоја група луѓе кои се луди или кои имаат чудни верувања може да се соберат, да се тешат и да се охрабруваат преку Интернетот.

Погледнете ги и овие навидум научно фантастични откритија кои се иднината на технологијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар