10 најинтересни производи коишто се продаваат онлајн

10 најинтересни производи коишто се продаваат онлајн

Интернетот на своите корисници им овозможува многу можности, а една од нив е и купувањето онлајн. Плаќањето преку Интернет веќе станува вообичаена појава којашто нуди многу предности. Повеќе не мора да бидете ограничени само на производите што се достапни во вашето место на живеење, бидејќи со интернет нарачувањето вие можете да купите многу производи од кој било крај на светот. А еве кои се едни од најпродаваните производи преку Интернет…

1. 3Д принтер

3Д принтерот е следната револуционерна технологија. Овој производ на корисниците им даде можност да станат мали производители, односно да прават мали сопствени модели во својот дом, брзо и едноставно. 3Д принтерот сѐ уште е тежок за користење, но доколку сте заинтересирани за печатење ваши сопствени модели – треба да го пробате „Cube 3D“. Тој е еден од најлесните и најмалите 3Д принтери коишто има 25 тродимензионални модели, коишто за почеток ќе ви помогнат да печатите различни модели како вистински професионалци. Како што е и очекувано, овој принтер не е евтин, но доколку сакате да бидете меѓу првите корисници, ќе морате да се согласите да платите повисока цена.

2. Чаша за вино што брои калории

Познато е дека една чаша вино на ден може да биде многу корисна за вашето здравје, но, што е со влијанието на вашата тежина? Оваа чаша за вино ќе ви помогне да видите колку калории има во виното што го пиете, па лесно можете да ги следите калориите што ги внесувате. Станува збор за многу корисен производ, освен ако не сте од оние луѓе коишто ја полнат чашата до врв и не се грижат за внесените калории.

3. Термос што никогаш не се истура

Постои одлично решение за оние кои ги уништуваат тастатурите така што истураат течности врз нив. Решението се крие токму во овој термос којшто, без разлика колку пати ќе го турнете, нема да падне. Тој е малку скап производ со оглед на неговата намена (околу 25$), но барем ќе го заштитите вашиот компјутер.

4. Дрвен часовник

Иако сега повеќе се користат часовниците на смартфоните, сепак, тие не се толку практични и убави како рачниот часовник. Од друга страна пак, доколку веќе купувате часовник, зошто тоа да биде нешто исто и веќе видено? Пробајте го овој дрвен рачен часовник којшто во последно време станува сѐ попопуларен. Изгледа одлично и не е многу скап, тој чини околу 40$.

5. Дрон со камера за почетници

Дроновите, мали уреди контролирани со далечински управувач, неодамна стекнаа голема популарност. Секој од вас мора да признае дека управувањето играчки со далечински управувач отсекогаш била интересна активност. Но, сега имате можност паралелно и да снимате квалитетно видео. Професионалните дронови се прилично скапи, но доколку сакате да го пробате ова, „Husban X4“ е еден од најпопуларните и најевтини дронови коишто можете да ги најдете денес, со просечна цена од 60$.

6. Паметен уред којшто го мери нивото на алкохол во крвта

Познато ви е дека не треба да пиете додека возите. Но, што се случува доколку се напиете само неколку голтки пиво или вино? Како ќе знаете колкаво е нивото на алкохол во крвта? Овој уред којшто се поврзува со вашиот паметен телефон ќе ви овозможи да го дознаете точното ниво на алкохол во крвта, па да знаете дали сте способни да возите или не. Цената е околу 40$ и иако не е многу евтин уред, може да ве спаси од многу казни, па и од сообраќајни несреќи.

7. Романтични пешкири за раце, инспирирани од „Војна на ѕвездите“

Многу луѓе забораваат, но во „Војна на ѕвездите“ сепак постојат и некои романтичари. Доколку и вие сте допрени на некој начин од оние романтични сцени, или пак сте само фан на репликите од филмот, можете да ги пробате овие креативни пешкири. Тие чинат околу 20$.

8. Воздушен душек погоден за носење – имајте кревет насекаде

Некои луѓе можат да заспијат на секое место, во секое време. Но, на други тоа им е проблем, па затоа Јапонците пронајдоа решение. Оваа јакна е всушност погодна за носење душек што ќе ви овозможи да уживате во мекоста на креветот, секаде и во секое време, за околу 100$.

9. УСБ уред што го затоплува или лади вашиот пијалак

Дали сте се нашле во ситуација кога си правите кафе, а потоа го заборавате, па кога ќе ви текне на него тоа е веќе затоплено или оладено? Или пак, кога отворате сок и не го пиете доволно брзо, па станува топло и непријатно за пиење? Има решение и за овие ситуации. Станува збор за мал уред што може да држи една чаша и да ја одржува течноста ладна или топла, во зависност од вашата желба. Дури и не ви треба електричен приклучок за ова. Доволно е да го приклучите во USB приклучокот на вашиот компјутер и пијалакот ќе го одржувате на посакуваната температура цел ден.

10. Виртуелна реалност

Сте читале многу за виртуелната реалност и сакате да се обидете и сами? Епа, има добри вести. Нема потреба да потрошите еден куп пари за различни колекции. Можете да се послужите со иновативното решение на Гугл – едноставни картонски рамки каде што го ставате вашиот смартфон, којшто се претвора во виртуелна реалност. Можете да го купите овде за 15$.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар