10 нај иновации од Google за изминатава година

Како и секоја година, така и оваа, Гугл ги изненадиja своите корисници и поддржувачи со интересни иновации, но не сите го заслужија вниманието кое барем на почетокот го имаа. Следува листа на 10-те најдобри и најлоши иновации на гугл за изминатата година.

1. Автомобилот кој сам се вози ✔

Во октомври оваа година, гугл ни открија дека работат на развивање технологија со која ќе биде возможно автомобилите сами да возат.

Автомобилите користат видео камери, радарски сензори и пронаоѓач на ласер на далечина кој може да ги „гледа“ другите возила во сообраќајот, како и детални мапи за навигирање по патиштата. Гугл велат дека нивните автомобили имаат поминато повеќе од 225 000 km, но ако сте нетрпеливи да си набавите примерок од ова откритие, сепак ќе мора да почекате додека возилата бидат сигурни за пуштање во продажба.

10 нај иновации од Google за изминатава година

2. Google TV ✔

На овогодишната I/O конференција на гугл, беше презентиран „новиот начин на кој размислуваме за телевизијата“ – Google TV. Тоа е платформа која ги комбинира ТВ програмите и интернетот.

Како функционира? – На вашиот ТВ екран треба да го впишете она што го барате и Google TV ќе го пронајде за вас, пребарувајќи низ вашите канали, снимени серии, видеа од Јутјуб и други веб-сајтови. Можете да си ги зачувате вашите омилени фотографии, албуми, канали, сајтови и друго на вашиот домашен екран за полесен пристап во иднина.

Некои нови телевизори ќе ја имаат оваа карактеристика, но за да гледате ТВ на овој начин, можете и да си набавите посебен уред кој ќе го поврзете со телевизорот кој веќе го поседувате.

10 нај иновации од Google за изминатава година

3. Google Buzz ✘

Во февруари, гугл го најави Google Buzz, алатка за споделување линкови, фотографии, видеа, статуси и коментари, како интегрален дел од инбокс-сандачето на корисниците на Џимејл.

Многу брзо по пуштањето на алатката, гугл се најде во тесно поради проблемите со приватноста кои таа ги предизвикуваше. Со основните поставки, Google Buzz јавно ги прикажуваше контактите на корисниците со кои тие скоро разговарале или размениле имејл пораки, на тој начин откривајќи осетливи податоци за самите корисници и за нивните контакти.

10 нај иновации од Google за изминатава година

4. Google Replay ✔

Разбирајќи ја важноста на пораките кои се разменуваат преку Твитер, гугл почна да ги архивира сите твитови во вид на т.н. Replay, пребарувачка функција која графички ја прикажува популарноста на твитовите во одредено време и креира листи на поврзани твитови во хронолошки редослед.

10 нај иновации од Google за изминатава година

5. Priority Inbox ✔

За оние кои секојдневно добиваат голем број имејл пораки во нивното сандаче на џимејл, гугл неодамна ја претставија алатката Priority Inbox која ги одделува важните од неважните пораки и ги организира на начин кој помага корисникот да го задржи фокусот на она што е навистина важно. Еве како.

6. Google Wave ✘

Оваа веб-апликација наменета за комуникација и колаборација во реално време, едноставно не беше прифатена од страна на корисниците како што гугл се надеваа. Можеби затоа што кренаа многу врева и ги загреваа потенцијалните корисници со ексклузивно праќање пораки за користење на сервисот малку по малку, но многу брзо потоа, тие беа истите кои покажаа големо разочарување од она што го видоа. До крајот на годинава, сервисот и понатаму ќе остане достапен, но потоа веќе нема да се развива како самостоен производ.

10 нај иновации од Google за изминатава година

7. Google Street View ✔

Оваа карактеристика на Google Maps која овозможува разгледување на слики на ниво на улици, беше првпат претставена во 2007. Тогаш, вклучуваше само слики од градови во САД, но 3 години подоцна Google Street View ги посети сите 7 континенти, вклучувајќи го и Антарктик.

10 нај иновации од Google за изминатава година

8. Calling phones од Gmail ✔

За луѓето кои поминуваат голем дел од своето време во канцеларија, правејќи повеќе или помалку важни телефонски повици, летово гугл објавија опција која ги користи микрофонот и слушалките поврзани на компјутерот на корисникот за да може тој да се јавува на секој кој има телефон, директно преку џимејл. Повиците во САД и во Канада се бесплатни до крајот на годината, а за другите земји можат да бидат ниски до 0,02 долари по минута.

9. Google Reader Play ✔

Прегледувањето на вашата Google Reader страница може да делува малку монотоно доколку го правите тоа секое утро. Google Reader Play е нов начин за прелистување низ содржини, блогови и воопшто низ целиот веб. За да започнете со користење, посетете го сајтот и лизгајте низ содржините со стрелките за лево и десно од тастатурата.

Reader Play ја користи истата технологија за препорачани содржини која функционира и во самиот Google Reader, а која ги идентификува најинтересните страници на интернет.  Кога ја користите оваа алатка, гугл се обидува да следи што ви се допаѓа, што споделувате и што означувате како омилено и потоа ви прикажува слични содржини, следниот пат кога ќе го посетите сајтот. Истите овие содржини ги префрла и во вашата корисничка сметка на Google Reader. Дополнително, алатката има вградена ТВ икона, која доколку ја притиснете, почнува слајдшоу од вашите непрегледани содржини.

10 нај иновации од Google за изминатава година

10. Google Nexus One ✘

За времето за кое Епл успеаја да продадат 1 милион ајфони, гугл успеаја да продадат околу 135 000 парчиња од својот Nexus One. Во јули, гугл објавија дека добиле наредба од производителот на телефонот, да престане продажбата во САД, иако и понатаму ќе се продава во Европа и Кореја.

10 нај иновации од Google за изминатава година

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар