10 начини да пристапите до блокирани сајтови

Сајтовите како Фејсбук, Твитер, Јутјуб и други социјални мрежи, често се блокирани во училиштата, факултетите и на работното место. Сепак, постојат неколку трикови благодарение на кои можете да го заобиколите ограничувањето и да им пристапите на блокираните сајтови. Нема гаранција дека некој од овие методи ќе успее на системот кој сакате да го измамите, но, нашиот обид даде неколку позитивни резултати.10 начини да пристапите до блокирани сајтовиНе ве советуваме да го правите ова доколку ви е нагласено дека не смеете да користите одредени сајтови, но ако се работи за живот или смрт, еве како можете да се обидете „да се спасите“.

1. Користете IP наместо URL

Секој веб-сајт си има своја еквивалентна IP адреса. Овој метод работи кога во системот е внесена листа на блокирани сајтови според нивните URL-a. Во тој случај, можете да им пристапите на сајтовите преку нивните IP адреси. На пример, за да пристапите до Фејсбук, можете да ја користите адресата 69.63.189.11. За да видите која е IP адресата на одреден сајт до кој сакате да пристапите, појдете на ip-address.com.

2. Користете Google Cache

Сите големи пребарувачи како Гугл, Јаху, Бинг и др. чуваат кеширани верзии од веб-сајтовите. Можете да пристапите до блокирани сајтови, преку прегледување на нивните кеширани копии од пребарувачите.

3. Сервиси за превод

Сервисите за превод како Google Translate, преведуваат сајтови од еден јазик на друг, прикажувајќи ја преведената содржина на страницата како резултат. Можете да пристапите до блокирани сајтови со нивно повторно преведување преку ваквите сервиси.

4. Добијте го веб-сајтот по имејл

Web2Mail е бесплатен сервис кој ги праќа веб-сајтовите во вашиот инбокс. Сè што треба да направите е да испратите имејл до www@web2mail.com со URL-то до сајтот кој ви треба, поставен како предмет на пораката.

5. WayBack Machine

Wayback machine од време на време прави копии од повеќето веб-сајтови на интернет, уште од моментот кога биле отворени. Копиите ги чува според датумот кога биле направени, па можете да се обидете да пристапите до последната верзија од некој блокиран сајт, преку нивната архива.

6. Screen-Resolution.com

Screen-Resolution.com ви овозможува да гледате кој било веб-сајт со различна резолуција, а можете да ја искористите и за да пристапувате до блокирани сајтови.

7. Google Mobile Search

Google Mobile Search ги прикажува веб-страниците онака како што би ги гледале на мобилен телефон. Доколку се послужите со овој сервис за да му пристапите на блокиран сајт, треба да знаете дека Javascript и CSS ќе бидат оневозможени.

8. Пренасочувајте со сервиси за кратење адреси

Сервисите за скратување URL-a се користат за да се конвертираат долгите линкови во кратки, но со нивна помош може да отворите и сајт кој е блокиран за пристап во средината во која учите или работите. Земете го URL-то на блокираниот сајт, скратете го со некој познат скратувач како bit.ly, adf.ly или од скоро goo.gl и отворете ја таквата адреса во прелистувачот. Овој трик не работи секогаш, но вреди понекогаш да се обидете.

9. Сурфање преку USB

Овој метод можете да го употребите доколку на вашиот преносен мемориски уред имате инсталрано Мозила фајрфокс со портабилна верзија од додатокот Tor. Додатокот можете да го користите и директно за вашиот Фајрфокс прелистувач инсталиран на компјутерот.

10.  Прокси веб-сајтови

Ова е општо познат метод за пристап до блокирани веб-сајтови. Можете да изберете од илјадници прокси сајтови кои можете да ги користите за да сурфате анонимно или за да заобиколите ограничувања во пристапот до одредени сајтови.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Sunshine Reply

    abe nejkeeee:S se probav:(

  2. sime Reply

    likeeeeeeeeeeeeee
    cooollllllllllll

  3. NoFear Reply

    Abe najdobro e so menuvanje na DNS stavete gi vo DNS 8.8.8.8 i 8.8.4.4 i ke nemate maka :) probano na site Windows i raboti a za linux e po komplicirano pisete na NoFear0411@gmail.com ako sakate da znaete za linux DNS

Остави коментар