10 екстензии за Гугл Хром кои ќе ви го разубават денот секогаш кога ќе отворите ново јазиче

10 екстензии за Гугл Хром кои ќе ви го разубават денот секогаш кога ќе отворите ново јазиче

Белата позадина на Гугл Хром кога отворате ново јазиче, односно нов таб станува здодевна, а овие десет екстензии го прават прелистувачот поинтересен. Ако најдете некоја што многу ви се допаѓа, клик на поднасловот ќе ве однесе до линк од каде што можете да ја инсталирате на вашиот компјутер.

1. Momentum

Momentum ќе ве поздрави, ќе ви прикаже некоја убава слика и ќе ве мотивира со некој мотивациски цитат. Покрај тоа ќе ве информира за времето и температурата на локацијата на која се наоѓате.

10 екстензии за Гугл Хром кои ќе ви разубават денот секогаш кога ќе отворите ново јазиче

2. Currently

Кај оваа екстензија сами си ги подесувате позадината и бојата на фонтот. Минималистичка е, со информации за часот и времето.

10 екстензии за Гугл Хром кои ќе ви разубават денот секогаш кога ќе отворите ново јазиче

3. Dayboard

Dayboard ја стимулира продуктивноста. Овде можете да си креирате листа на работи кои треба да ги завршите во тековниот ден и со секое отворање на ново јазиче ве потсетува уште што ви останало да довршите. Ако нешто ви останало од вчера, тоа се префрла за денес.

10 екстензии за Гугл Хром кои ќе ви разубават денот секогаш кога ќе отворите ново јазиче

4. Dream Afar

Dream Afar е билетот до која било локација во светот преку фантастичните слики кои се прикажуваат при секое отворање. Тие се менуваат со секое ново јазиче. Покрај тоа оваа екстензија ви дава информации за часот и времето, а на дното е листата од сајтовите кои најчесто ги посетувате.

10 екстензии за Гугл Хром кои ќе ви разубават денот секогаш кога ќе отворите ново јазиче

5. Google Maps Earth View

Секое ново јазиче значи и поглед врз сателитска снимка од нашата убава планета. Оваа екстензија може да ве однесе на екскурзија насекаде низ светот. Во долниот десен агол има информација за локацијата која ви се прикажува, а има и копче кое овозможува сликата да ја споделите на социјалните мрежи.

10 екстензии за Гугл Хром кои ќе ви разубават денот секогаш кога ќе отворите ново јазиче

6. Pinterest Tab

Корисниците на Пинтерест можат да ја инсталираат оваа екстензија и со секое отворање на ново јазиче да кликнат на темата која ги интересира, па потоа на Start My Day и да нурнат во инспиративниот свет на оваа социјална мрежа.

10 екстензии за Гугл Хром кои ќе ви разубават денот секогаш кога ќе отворите ново јазиче

7. iOS 7 New Tab

Ако сте љубител на оперативниот систем iOS 7 и особено ви се допаѓа неговиот изглед, оваа екстензија тој изглед ќе го префрли и на вашиот компјутер. Можете да изберете позадина и кои апликации сакате да ви се појавуваат на секое ново јазиче. Може дури и да прикажете ваши сопствени икони кои ќе ги ставите таму за да личат.

10 екстензии за Гугл Хром кои ќе ви разубават денот секогаш кога ќе отворите ново јазиче

8. Card Board

Со Card Board добивате можност да ја уредите страницата за ново јазиче онака како што вам ви одговара. За жал не можете да го менувате дизајнот, но можете да ги видите фајловите кои сте ги симнале неодамна, апликациите и да пребарувате на Гугл директно од таму.

10 екстензии за Гугл Хром кои ќе ви разубават денот секогаш кога ќе отворите ново јазиче

9. Awesome

Во новото јазиче Awesome ќе ви се прикажат виџети од апликациите кои најчесто ги користите. Можете да ја менувате позадината колку што сакате, па дури и да додадете сопствена фотографија.

10 екстензии за Гугл Хром кои ќе ви разубават денот секогаш кога ќе отворите ново јазиче

10. Home

Home собира сè што е важно на едно место, тука ќе ги видите сите апликации, ќе добивате нотификации за новите мејлови, итн. Можете и да го менувате дизајнот.

10 екстензии за Гугл Хром кои ќе ви разубават денот секогаш кога ќе отворите ново јазиче

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. elena Reply

    ZOSTO JAS NE MOZAM DA SI STAVAM VAKVI POZADINI ?

    • Петар Тодоровски Reply

      Здраво Елена,

      прво треба да ја додадете екстензијата. Кликнете на поднасловот погоре од онаа екстензија која ја сакате и ќе ви се отвори ново јазиче од каде што можете да ја додадете. Кликнете на FREЕ и чекајте известување дека е симната. Потоа отворете ново јазиче и веќе би требало да биде тука. Ако евентуално не е, во лентата каде што се впишуваат веб адреси впишете chrome://extensions и активирајте ја оттаму така што ќе го штиклирате полето до неа.

      Поздрав

Остави коментар