преземања | Кафе пауза - Part 4

Кафе-позадина за вашиот десктоп #47

Да се ужива во малку, во обичното, во секојдневното, а сепак убавото чувство да не губи од својот интензитет... многу работи во животот може да го имаат овој ефект. Кафето е една од нив. Уживајте во вашата шолја секој ден!
Датум: 05 сеп 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #46

„Ниедно кафе не може да биде добро во устата, доколку претходно не ја испрати својата слатка миризба до ноздрите.“ - Хенри Ворд Бичер
Датум: 29 авг 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #45

Сварено кафе ве чека на работната маса во кујната. Барем си замислувате додека сè уште се обидувате да ги одлепите очите. Миризбата ве буди и ви предизвикува пријатно чувство...
Датум: 22 авг 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #44

Работните недели обично почнуваат напорно. Сепак, понеделничкото кафе е посебно моќно, ве подготвува за долги часови, работни обврски, нови луѓе, дружење со старите... Кафето е подготвено. Вие сте на потег!
Датум: 15 авг 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #43

Станувате од спиење, а кафето веќе ве чека сварено на работната маса во кујната. Очните капаци полека се борат да го избистрат погледот, миризбата благо допира до вашиот нос.
Датум: 08 авг 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #42

Кафе на плажа, покрај базен или во дворче... Тазе сварено, миризбата се шири наоколу... Згодни девојки, стегнати момци... Убава глетка и неодолив мирис и вкус. Доживувањето во лето е бесценето. Вкусете го додека трае.
Датум: 01 авг 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #41

Сака некој точено чоколадно кафе? Ставете филџан и чекајте ред. :)
Датум: 25 јул 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #40

Бојата на кафето има некаков смирувачки ефект. Успокојува, одмора и релаксира. Оваа позадина ќе изгледа одлично на вашиот десктоп. Таа е совршен потсетник за уживање во кафе паузите.
Датум: 18 јул 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #39

Оваа летна десктоп позадина ќе ви делува освежувачки на денот кој е пред вас со самото вклучување на компјутерот и ќе ви претставува надополнување на уживањето додека го пиете првото утринско кафе.
Датум: 11 јул 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #38

Кафето најдобро оди во друштво. Со љубениот, со пријателите, со колегите... Можеби најмногу сакате да го пиете сами, но одвреме-навреме не заборавајте да поканите некого на кафе. Позабавно е така!
Датум: 04 јул 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #37

Кафе... уживање во мала шолја. Горчлив вкус со моќно дејство, понекогаш разблажен со млеко или шеќер. Нè буди, ни дава енергија и ни претставува занимација, сами или во друштво.
Датум: 27 јун 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #36

Традиционално македонско кафе или инстант? Шербет благо, горко или малку засладено со неколку шеќерни кристали посеани од врвот на лажичката? Како и да го сакате утринското кафе, најважно да не заборавате да уживате.
Датум: 20 јун 2011
, Автор: