Филм: Вондер вуман (Wonder Woman)

Пред да стане Чудесната жена, таа беше Дијана, принцезата од Темискира, воин на Амазонките

ТВ серија: Американски богови (American Gods)

Епска битка помеѓу старите и новите богови што живеат на планетата Земја

ТВ серија: Низа несреќни настани (A Series of Unfortunate Events)

По загубата на своите родители во мистериозен оган, трите деца Боделер ќе почнат да откриваат темни тајни за своите семејство и да се борат за својот живот

Филм: Асасинс крид (Assassin’s Creed)

Затвореник осуден на смртна казна, истражувајќи ги сеќавањата на својот предок открива дека е наследник на тајно друштво убијци

Филм: Доктор Стрејнџ (Doctor Strange)

Поранешен неврохирург тргнува на пат за зацелување каде што ќе биде повлечен во светот на мистичноста

ТВ серија: Ван Хелсинг (Van Helsing)

Безвремената приказна за вампири добива сосема нов и освежен тек на настани

Филм: Домот за необични деца на госпоѓица Перегрин (Miss Peregrine’s Home for Peculiar Children)

Кога Џејкоб открива знаци што водат до мистерија која се растега низ времето, тој го наоѓа домот за необични деца на госпоѓица Перегрин

ТВ серија: Магионичарите (The Magicians)

Откако ќе бидат регрутирани од тајна академија, група студенти ќе откријат дека магијата за која читале како деца е многу реална и многу поопасна одошто мислеле

Филм: Дедпул (Deadpool)

Поранешен специјалист и платеник поминува низ експеримент кој му дава моќи за исцелување и го создава неговото алтер его – Дедпул

ТВ серија: Луцифер (Lucifer)

Ѓаволот решил да се пензионира и да живее меѓу смртниците на Земјата

ТВ серија: Ловци на сенки: Смртните Инструменти (Shadowhunters: The Mortal Instruments)

ТВ адаптација на „Хрониките на ловците на сенки“, серија книги напишани од Касандра Клер