краток филм | Кафе пауза - Part 3

Јурејќи низ светот за вистинската љубов

„Боб“ е 3Д анимиран филм кој раскажува приказна за еден хрчак кој неуморно, со огромна брзина, патува низ целиот свет со цел да стигне до својата вистинска љубов. Дали ќе успее во тоа?
Датум: 15 окт 2011
, Автор:

Музички ритам создаден од канцелариски предмети

Филмската компанија Fruit Bonus го создала ова музичко видео, употребувајќи ги интересните звуци кои ги произведуваат разните предмети во нивната канцеларија, како копчиња „on/off“, телефони, звукот од лифтот...

Не е онака како што изгледа

Повеќето луѓе не се толку чесни, за да ви поверуваат дека баш секогаш ја кажувате вистината, а оваа приказна сликовито прикажува дека работите честопати не се онакви какви што изгледаат од страна.

Чевлите на еден страшен човек

Како би можел да се чувствува еден чевел доколку е одделен од својот животен сопатник - другиот чевел? Не помирувајќи се со ваквата судбина, синиот чевел храбро тргнува да ја спаси својата сродна душа...
Датум: 12 сеп 2011
, Автор:

Копнеејќи по магијата на ѕвезденото небо

Мало девојче со огромна љубов кон астрономијата, живее во свет без ѕвезди, но има голема надеж, неуморно очекувајќи некаков знак на промена. Ова е тема на приказната во краткиот анимиран филм „Осветлување“ (Light Up).
Датум: 05 сеп 2011
, Автор:

Искривен опаш

Дев е горд сопственик на куче, но има еден мал проблем – неговото совршено милениче има крива опашка, а тоа ужасно му пречи.

Заљубениот хрчак Вил

Вил е упорен хрчак кој се обидува да разработи своја машинерија со цел да го покрене „љубовното тркало“.
Датум: 13 авг 2011
, Автор:

Апел до рајот

Краткиот анимиран филм „Апел до рајот“ е изработен од Дејвид Лисби, од колеџот „Ринглинг“. Интересната и инспиративна приказна на филмчето е надополнета со забавно замислените ликови...

Заминување на љубовта

Млада девојка заминува со воз, а нејзиниот љубен трча по возот како лудак, притоа изведувајќи секакви гимнастички точки за да преживее и да ја пронајде во точното купе. Возбудлива приказна...

Магијата на првиот допир меѓу заљубените дрвца

Две дрвја се заљубуваат, но не можат да бидат заедно бидејќи се физички разделени едно од друго. Љубов, природа, шаренило, весели бои и ведри сцени... Вистинско уживање во 5 минути.
Датум: 23 јун 2011
, Автор:

Почеток на една љубовна приказна…

Овој краток филм прикажува еден бурен момент на магнетска конекција помеѓу маж и жена, кои се заљубуваат на прв поглед, и никој и ништо на светот не може да ги раздели.

Магичниот поглед кон млечниот пат

Со многу планинарење, користење технологии и разни трикови, норвешкиот фотограф Terje Sorgjerd успеал да ја прикаже убавината на светот, од сосема нова, модерна перспектива...