Најстрашниот краток хорор филм

Почекајте да се стемни, пуштете глас, отворете на цел екран и уживајте во оваа куса доза адреналин. Но, да не речете дека не сте биле предупредени, филмот „Изгасени светла“ може да ве натера вие вечерва да спиете со запалени. :)
Датум: 19 Mar 2014
, Автор:

Интересен краток филм во режија на Реј Вилијам Џонсон

Станува збор за интересен и лесен филм кој ќе го освои вашето внимание и истовремено ќе ве замисли за една многу необична тема.

Што ни прават мобилните?

Краткиот филм „I Forgot My Phone“ иронично ја прикажува болната вистина за нашата врска со технологијата, заради која често пропуштаме да ги доживееме врските со другите луѓе и едноставно да учествуваме во убавите моменти од кои сме дел.
Датум: 25 Aug 2013
, Автор:

Краток комичен филм: Човек од акција (Man of Action)

Шестминутна комедија која се врти околу еден повлечен и срамежлив маж кој се наоѓа пред голем предизвик кога сака да ѝ пријде на девојката која му се допаѓа...

Насмевки од целиот свет

55 филмаџии од 31 земја и многу насмевки...

Една поинаква врска на далечина

Краткиот филм „The long distance relationship“ раскажува приказна за двајца млади луѓе кои се нафатиле на овој чекор. Ова сепак, не е типична приказна за врска на далечина...
Датум: 31 May 2013
, Автор:

Приказна за две годишни времиња кои сакаат да бидат заедно

Волшебна анимирана приказна за различностите на луѓето и бариерите кои ги поставуваат времето и просторот...
Датум: 05 Apr 2013
, Автор:

Краток романтичен филм: Слатко-горко (Bittersweet)

Ќе ве натера да се запрашате на колку луѓе секојдневно во светот им се случува оваа возбудлива ситуација...

Дивиот животински свет во мнооогу дебела варијанта

Можете ли да си замислите дебел тигар кој грациозно лежи на гранка дрво? Или пак група зебри кои се фрцкаат со своите дебели црно-бели тела?
Датум: 21 Feb 2013
, Автор:

Кога ќе пораснам

„When I Grow Up“ е одличен анимиран филм направен од страна на Колин Хестерли. Во филмчето тој ги прикажува соништата на едно младо момче за иднината, а преку него пренесува една силна порака.

Симпатичен краток анимиран филм од Дизни: „Paperman“

Филмче за слаткиот сплет на судбината, љубовта на прв поглед и хартиените авиончиња кои служат како љубовни стрели. :)