видео | Кафе пауза - Part 66

Мачка што умее да се коцка

Мачката што ќе ја видите на видеото се вика Фрида Кало, а нејзе ја чува семејство од Берлин, Германија. Таа одлично се снаоѓа во една од најстарите улични коцкарски игри...

Што прави куче кога му студи?

Во ова кратко видео ќе видите однесување на куче, како никогаш досега. Ќе ве насмее и изненади со неговата постапка и со сигурност ќе го раскажувате на вашите пријатели.

Музички ритам создаден од канцелариски предмети

Филмската компанија Fruit Bonus го создала ова музичко видео, употребувајќи ги интересните звуци кои ги произведуваат разните предмети во нивната канцеларија, како копчиња „on/off“, телефони, звукот од лифтот...

Париз како Венеција

Дали сте знаеле дека во 1910 година, Париз бил погоден од огромна поплава, па преку ноќ заличел на Венеција?

Фристајл трикови со велосипедот на прадедо му

Неговата техника е необична, не носи никаква заштита за своето тело и глава, а балансот му е на извонредно ниво.

8 предмети кои можете да ги изработите за помалку од една минута

Со евтини материјали и малку креативност, можете да изработите кул предмети за уредување на домот...
Датум: 03 окт 2011
, Автор:

Помладиот брат против постарата сестра

Додека една постара девојка се обидува да сними „забавна“ кореографија на песната „Smack That“ од Акон, нејзиниот брат во позадина го прави она што таа не успева.

Бушава азбука на англиски

„The Alphabet 2“ е кратко видео, кое по сè изгледа ја користи идејата на „Бушавата азбука“, притоа применувајќи разни техники и материјали во мали и големи простори.
Датум: 26 сеп 2011
, Автор:

Најмалиот фотоапарат во светот голем колку џамлија

Минијатурната камера со површина од 2,54 см², може да направи фотографии од 2 мегапиксели и може дури и да снима видео.

Емоции овековечени во фотографии

24-годишната Ана Паис, родена во Венецуела, ја креирала оваа серија подвижни фотографии т.н. „Eternal Moments“ (Вечни моменти), изработени врз основа на музичкото видео „Keep on Dancing“.

Вештините на еден каскадер во забавена снимка

Данте Ха е професионален каскадер чијашто работа можете да ја видите во некои познати филмови и ТВ серии, а овој пат гледаме некои од неговите најдобри потези во балетска изведба.
Датум: 06 сеп 2011
, Автор:

Стилот во Лондон низ 100 години во 100 секунди

Колку може да се смени модата за 100 години? Ви требаат само 100 секунди за да дознаете. Ова видео е направено да ја одбележи 100-годишнината на источно-лондонската мода, танцувањето и музиката.
Датум: 01 сеп 2011
, Автор: