T-Mobile објави партнерство со Калиопи, Владо Јаневски и Венера Лумани | Кафе пауза

Почеток на партнерството со кампања за понудата PlayT-Mobile објави партнерство со Калиопи, Владо Јаневски и Венера ЛуманиT-Mobile објави партнерство со македонските музички ѕвезди: Калиопи, Владо Јаневски и Венера Лумани. Станува збор за долгорочна соработка, која почна со интерактивна кампања за тарифата Play, но и несекојдневно музичко изненадување за корисниците.

Видео спотот се снимаше на плоштад Македонија, каде беа поставени караоке кабини и секој случаен минувач можеше да ги испроба своите гласовни способности. Навидум обичното караоке преминуваше во дует со една од нашите познати музички имиња: Калиопи, Владо Јаневски и Венера Лумани.

Инволвирајќи ги ѕвездите и корисниците, T-Mobile ја промовира новата Play понуда во постпејд, со намалена месечна претплата. Со оваа понуда корисниците добиваат неограничени разговори кон корисниците на T-Mobile и T-Home, неограничен интернет на најбрзата 3G мрежа, повеќе вклучени минути кон останатите мрежи, како и одличен избор на паметни телефони по промотивна цена.

„T-Mobile е компанија која веќе е добро позната на јавноста како поддржувач на добрата македонска музика. Соработката со Калиопи и Владо не е нова, со ова партнерство само ја зацврстуваме врската со веќе докажаните, но бираме и ново лице, младата и талентирана Венера Лумани, која победи на минатогодишниот Voice of Albania, и на тој начин даваме поттик во развојот на кариерата на новите таленти. T-Mobilе e и компанија која им овозможува на корисниците да споделат единствени моменти, но и да им овозможи вредност повеќе за истите пари, што е и случај со Play. Оваа кампања е почеток на партнерството со нашите ѕвезди, но е продолжување на политиката на T-Mobile Македонија за дополнителна вредност за корисниците“ – изјави Жарко Луковски, Главен извршен директор на T-Mobile Македонија.

T-Mobile објави партнерство со Калиопи, Владо Јаневски и Венера ЛуманиНовите, освежени Play тарифи овозможуваат неограничена мобилна комуникација, MaxTV  на мобилен телефон, и секако, најдобро интернет доживување на најбрзата 3G мрежа. За корисниците за кои разговорите се најбитни, новите Smart тарифи овозможуваат целосно опуштена мобилна комуникација.

Повеќе информации за Play на: www.t-mobile.mk