Стипендии за школување во НОВА | Кафе пауза

Голема можност за талентираните ученици – стипендии за школување во НОВА

Меѓународното Училиште НОВА и Меѓународната Фондација Борис Трајковски и оваа година ќе доделат три целосни стипендии за четиригодишно школување на талентирани ученици од Македонија.Стипендии за школување во НОВАУсловите за конкурирање опфаќаат солидно познавање на англиски јазик и математика, одличен успех од петто до осмо одделение, препораки од класен раководител и наставник по избор. При селекцијата, на кандидатите ќе им биде зададена тема за есеј и ќе бидат спроведени тестирања за проверка на знаењата по англиски јазик и математика.

Рокот за поднесување на апликации трае од 04 март до 21 март, а подетални информации во врска со конкурсот може да се добијат на интернет страната на НОВА, www.nova.edu.mk или во администрацијата на НОВА. Тестирањето ќе се одржи на 23 март во Гимназијата НОВА.

Партнерството помеѓу НОВА и Фондацијата Борис Трајковски беше основано како резултат на тесната соработка помеѓу училиштето и покојниот претседател Борис Трајковски, како и поради фактот што филозофијата на работење на НОВА и нејзините воспитувачи беше во иста линија со вредностите и верувањата на претседателот Трајковски.

Програмата започна во 2005 година и досега презентираше пет успешни генерации матуранти кои своето образование го продолжија на врвни американски и европски универзитети како што се: Харвард, Принстон, Јеил, Оксфорд, Гронинген и Лајден.