Sport Klub 3 за љубителите на спортот | Кафе пауза

За љубителите на спортот и спортските содржини, Boom TV ја збогатува својата програмска шема со уште еден атрактивен спортски канал Sport Кlub 3, во јавноста до скоро познат како Sport Klub Prime, кој веќе од утре, 5 октомври, станува достапен за сите корисници на Boom TV.Sport Klub 3 за љубителите на спортотНовиот канал изобилува со многу спорт и интересни спортски содржини, а особено е атрактивен по фудбалските натпревари од Шпанската, Англиската, Руската и Аргентинската лига.

Sport Кlub 3 на Boom TV ќе се емитува на позиција број 46 и истиот ќе биде достапен како дел од два нови дополнителни пакети кои можат да ги активираат корисници на Boom TV, Mini Boom TV како и корисниците на дигитален приемник (set-top-box):

  • Sport Klub 3 пакет по цена од 79 денари, а кој го вклучува само Sport Klub 3 каналот и
  • Extra Paket Plus по цена од 199 денари, кој освен Sport Klub 3 каналот вклучува уште два спортски, два филмски и два канала за возрасни (Cinestar TV, Cinestar TV Action & Thriller, SPORT KLUB 1, SPORT KLUB 2, DORCEL TV и PRIVATE SPICE).

Сите нови корисници на Boom TV, првиот месец ќе ја следат програмата на основниот пакет и на Extra Paket Plus бесплатно, а корисниците на Mini Boom TV дополнително ќе ги гледаат и каналите од Fun и Family пакетот.

По истекот на промотивните 30 дена од активацијата, доколку сака и понатаму да ја следи програмата на некој од дополнителните пакети, корисникот треба да ги активира со: јавување во центарот за грижа на корисници на бројот 181, преку СМС порака на бесплатниот телефонски број 181 или во некое од продажните места на ОНЕ.