Со хеликоптер над Скопје со Рамстор Мол | Кафе пауза


Со хеликоптер над Скопје со Рамстор МолСакајќи да ги изненади и да ги награди своите верни потрошувачи, по повод меѓународниот ден на жената, 8 март, Рамстор Мол нуди специјално изненадување за припадничките на понежниот пол.

Среќните добитнички ќе имаат можност панорамски да го разгледаат нашиот град со хеликоптер. Право на учество на натпреварот имаат сите потрошувачки кои своите фискални сметки направени во локалите или во супермаркетот во – Рамтор Мол ќе им ги приложат на хостесите од молот.

Победник на денот е онаа припадничка на понежниот пол која ќе прикаже најголемата фискална сметка или збир на фискални сметки на дневна основа. Летање со хеликоптер низ небото на нашиот град, шампањ и наздравување, забава и уникатно искуство ќе ги очекува добитничките на оваа несекојдневна и ретка можност. Наградените ќе бидат објавени на фан станицата на Рамстор Мол на Фејсбук, каде подетално се објаснети правилата на играта.