Роза за балерината | Кафе пауза

Роза за балерината

sakamknigi.mk ви подарува 3 примероци

Верувате ли во љубов на прв поглед која трае цел живот? Верувате ли во пасија која ве крева на нозе и тогаш кога животот со сета сила зема замав за да ве турне на земја?

Роза за балерината е книга која ќе ве внесе во неколку туѓи, тажни и поврзани животи. Стилот на пишување во кој е избегнато стандардното раскажување и дејствијата се расплетуваат во форма на писма, мејлови, четувања преку интернет итн., ве тера да се почувствувате како навистина да читате нечии писма, како да чепкате во туѓо сандаче со мејлови и како вистински да сте инволвирани во сите настани.

Приказната започнува со првиот училишен ден на Џес и Мелинда, а од тој ден започнува и нивното неверојатно пријателство, поврзаност и љубов. Две мали деца со големи срца и амбиции…
.

22 Октомври
.

Драг Џес, Ти благодарам што го удри Тоби заради мене. Жал ми е за твојата казна, но ти ветувам дека ќе седам со тебе за време на ручекот во текот на целата следна недела, бидејќи ти си мојот херој.

Засекогаш твоја пријателка, Мелинда.

Мелинда сака да стане прима балерина. Џес сака да игра бејзбол за познат тим. Двајцата заедно имаат една заедничка желба – да бидат секој ден, по цел ден и засекогаш заедно, бидејќи навистина се забавуваат. Но, за жал, животот без да ги праша, тргнува во друга насока и со сета сила ги распарчува сите нивни соништа, желби и амбиции.
.

До: Балерината
Наслов: Нов дом
.

Јас сум во Калифорнија, но овде не ми се допаѓа. Ми недостасува татко ми. Ми недостасуваат старите пријатели, ми недостасува куќата, а најмногу од сè ми недостасуваш ти, мајка ти и татко ти. Често се присетувам како се забавувавме, се присетувам на специјалната соба која ја имав во вашата куќа и колку бевте прекрасни ти и твоите родители со мене. Многу сум среќен што ги имам тие спомени. Посакувам работите да беа како порано. Како е училиштето? Те молам немој да ме заборавиш кога ќе бидеш позната балерина. Те молам.

Џес

Она што најсилно ги погодува читателите во оваа книга е неправедноста на животот и чистата љубов на Џес низ годините. Или како што би рекла Мелинда: „Ти, Џес Роуз, беше розата која го направи мојот живот сладок.“

Доколку ве заинтересира приказната во „Роза за балерината“, примероци од книгата можете да најдете во повеќе книжарници низ Македонија или пак можете директно да ја нарачате преку имејл contact@sakamknigi.mk, со што ќе добиете и бесплатна испорака до дома.

Напишете кратко љубовно писмо од вашето детство во коментар или пак твитнете ја оваа содржина преку копчето. Ќе доделиме 3 примероци, овојпат на двајца среќни корисници на Фејсбук и на еден твитерџија.

*Подарокот може да се подигне секој работен ден, од 10 до 19 часот во Spaiva на ул. Водњанска (веднаш под Галија).