ИНФОРМАЦИИ ЗА НАСТАНОТ:

Локација: Капан Ан, Стара Чаршија

Датум и време: 29 септември 2012, 23:00ч

Организатор: Bass Infusion

Влез: 150 денари

Линк до официјалниот Facebook евент

Изведувачи:


На 29-ти септември во Капан Ан ќе биде одржан првиот дабстеп фестивал во Македонија, Bass Platform. Фестивалот e проект на тимот на Bass Infusion, веб-сајт започнат во 2010, чија цел е промовирање на недоволно застапените музички жанрови како dubstep, drum and bass, uk garage, future garage, 2-step итн. На фестивалот Bass Platform за првпат во Македонија ќе настапат изведувачите од најпознатата бугарска дабстеп групација, Platform.

Platform e првата дабстеп етикета во Бугарија како и најбрзо растечката промотерска куќа за електронска музика во регионот. Platform во рок од една година успеа да ја направи Бугарија епицентар на регионалната дабстеп сцена, носејќи огромен број звучни имиња од глобалната дабстеп сцена, меѓу кои: Caspa, 16 Bit, Phaeleh, Von D, Distance, Youngsta, Darkside, Balkansky и многу други. Platform се исто така одговорни за првата дабстеп компилација во Бугарија, „Platformula 1“, како и за првиот настан во живо пренесуван на веќе легендарната GetDarker TV. Екипата на Platform Music има настапувано низ неколку балкански држави, докажувајќи ја својата класа на врвни дабстеп селектори.

Нивната последна песна со наслов Moving Forward е веќе глобален дабстеп хит.

Во Македонија Platform доаѓаат во полн состав, Basscatz (JamezBongg b2b Monk) кои настапуваат на четири грамофони, придружени од WeeDess, Аlgoriddim, додека MC на вечерта ќе биде Bashment aka MC Pappa Rhythm. Македонска поддршка ќе бидат Bass Infusion и Nerses.

Билетите за фестивалот по цена од 150 денари ќе може да се набават на влезот на Капан Ан, на вечерта на настанот.