Просветно дело ви ја подарува книгата Молитвата на мојата мајка од Нафиса ХаџиСвоеволната и интелигентната Саира Кадер, младата Американка од индо-пакистанско потекло, од детството ги крши границите меѓу семејната традиција и желбата за независност. Водена од слободниот дух и бунтовничката природа, Саира ги отфрла стегите на традиционалните идеи за семејството, должностите, обврските и судбината, решавајќи да стане новинарка и да го освои целиот свет.

Пет години подоцна, таа доживува лична трагедија, која од корен го менува нејзиниот живот. Жената која дотогаш патувала ширум светот, за да ги разоткрие деталите од туѓите животи, сега мора да се фати во костец со сопствената вистина. На патот кон самоосознавањето, таа пронаоѓа засолниште во животните приказни на своите родители и предци. Додека чекор по чекор ја разоткрива надежта, болката, радоста и страста кои ги обликувале нивните животи, Саира се соочува со вистината која порано не сакала да ја признае – дека изборите кои ги правиме, секогаш не се во наши раце и дека верата не е само предмет на интелектуалната определба.
Трогателен и поетичен роман за значењето на семејството, традицијата и односите кои нè поврзуваат. „Молитвата на мојата мајка“ претставува приказна за мајките и ќерките, приказна за една млада жена која се нашла на животната крстосница и која – водена од своето семејно наследство, верата, потеклото, културата и од сопствената решителност – ќе тргне на патот кон самоосознавањето.

Просветно дело наградува двајца посетители на Кафе пауза со книгата Молитвата на мојата мајка“.

Наградната игра ќе трае до 10 јули, а за учество треба да го оставите само вашето име и презиме во комбинација со каков било коментар. Добитниците ќе бидат избрани по случаен избор.


Летна кампања во Просветно дело: ФАТИ СЕНКА И ЧИТАЈ!

Просветно дело ви го подарува светскиот бестселер „Пустинската зора“Просветно дело на сите вљубеници во убавиот пишан збор им овозможува да го направат својот избор за летно читање со попуст од 30%. Било за под сенка, под климатизер или покрај вода, изберете некој од хит-насловите како „Слатки мали лажливки“, „Озборувачка“ или „Вампирски дневници“ со супер-попуст од 30%.