Просветно дело ви ја подарува книгата „Црвеното сари“ од Хавиер Моро | Кафе пауза

Авантурата на една жена. Приказна за едно семејство. Епски роман за силата на духот на целата нација…

Просветно дело ви ја подарува книгата „Црвеното сари“ од Хавиер МороВо 1965 година, во Кембриџ, Соња Мајно, 19-годишна италијанска студентка, го запознава младиот Индиец, Раџив Ганди. Таа потекнува од скромно семејство од околината на Торино, тој припаѓа на најмоќното семејство во Индија. Тоа е почеток на една љубовна приказна која дури ниту смртта не може да ја прекине.

Италијанката, поради љубовта го напушта својот свет и своето минато и се стопува со новата земја, чудесната Индија, во која постои култ кон дваесет милиони божество, во која се говорат осумстотини јазици и која има петстотини политички партии.

Поради својата одважност, искреност и посветеност, таа ќе стане вистинска божица во очите на една шестина од човештвото.

Со вистинска наративна магија, Хавиер Моро ја раскажува големата сага за семејството Нехру-Ганди, за луѓето фатени во канџите на власта, за заробениците на судбината која тие не ја избрале, истата таа судбина поради која Соња ќе стане симбол на надежта во земјата на Махатма Ганди.

Просветно дело наградува еден посетител на Кафе пауза со книгата „Црвеното сари“, еден читател со златна ВИП картичка, со која се добива попуст од 15% и двајца читатели со црвена клуб картичка со која се добива попуст од 10% на секоја книга купена од нивните книжарници.

Наградната игра ќе трае до 24 јуни, а за учество треба да го оставите само вашето име и презиме во комбинација со каков било коментар. Добитниците ќе бидат избрани по случаен избор.


Летна кампања во Просветно дело: ФАТИ СЕНКА И ЧИТАЈ!

Просветно дело ви ја подарува книгата „Црвеното сари“ од Хавиер МороПросветно дело на сите вљубеници во убавиот пишан збор им овозможува да го направат својот избор за летно читање со попуст од 30%. Било за под сенка, под климатизер или покрај вода, изберете некој од хит-насловите како „Слатки мали лажливки“, „Озборувачка“ или „Вампирски дневници“ со супер-попуст од 30%.