Промоција на книгата Свеќа и светлина | Кафе пауза

Промоција на книгата Свеќа и светлинаНа 17 септември (вторник) во 19 часот пред книжарницата ТРИ во ГТЦ ќе се оддржи промоција на книгата „Свеќа и светлина“  на нашиот амбасадор во Австрија, д-р Ѓорги Филипов.

Книгата „Свеќа и светлина“ е своевидна збирка на кратки раскази и есеи што Ѓорги Филипов ги објавува најпрвин на својот Фејсбук профил, а кои наидуваат на огромниот интерес кај широкиот круг на пријатели. Оваа публикација е логично продолжение на богатиот творечки ангажман на Филипов, а убедени сме дека ќе уживате во едноставноста и приемчивоста на текстовите, пишувани од човек со огромно животно и работно искуство собрано во текот на времето, на разни општествени и географски локации.

Промотор на книгата ќе биде  Милован  Стефановски,  а на гостите ќе им се обрати и авторот на книгата Ѓорѓи Филипов.

Ве очекуваме,

Издавачки центар ТРИ