„Здравје“ – природен и свеж јогурт од Млекара Здравје Радово

Производ кој ќе ги задоволи и оние со најпребирлив вкус

Бенефитите од природните јогурти, како и од свежото млеко се многубројни, особено во зајакнувањето на имунитетот и во обезбедувањето дополнителна енергија во текот на денот. Нивните нутриционистички вредности, богатството на витамини, протеини и белковини, се причина докторите често да ги препорачуваат, особено во периоди на настинки и грипови.

„Здравје“ – природен и свеж јогурт од Млекара Здравје Радово

Токму недостигот од природни и свежи јогурти, беше причина Млекара Здравје Радово да го произведе новиот јогурт „Здравје“ кој се разликува од другите јогурти по тоа што се добива по природен пат. Експертите вработени во компанијата велат дека јогуртот „Здравје“ се добива со софистицирани лакто бактерии кои се ставаат во свежото млеко, а целиот процес трае еден ден, за истиот ден потрошувачите да консумираат свеж и природен јогурт.

Истиот се добива од најквалитетното домашно млеко, кое ги поминува сите неопходни контроли за квалитет и безбедност, произведено по највисоки стандарди, што го прават овој јогурт исклучително квалитетен производ, со кој домашната млекопреработувачка компанија Млекара Здравје Радово е посебно горда.

На јогуртот Здравје не му се ставаат никакви други додатоци освен „лакто култура“ и базична масленост од 3,2 %, што го прави корисен и прилагоден за поширока популација љубители на јогуртите. Оние кои преферираат ниско маслени производи, можат да го изберат јогуртот Здравје со 1,5% млечна масленост, производ добиен од премиум квалитетно свежо млеко, кое е обезмастено, и кое со додадената лакто култура има перфектен и балансиран вкус.

Јогуртот Здравје е во ново пакување, кое е еколошко, ергономско и според највисоките стандарди.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар