Започнува зелениот натпревар за сите деца во организација на Пакомак

Започнува зелениот натпревар за сите деца во организација на Пакомак

Од 22 ноември до 12 декември, Рамстор Мол ќе биде местото каде во пријатна и забавна атмосфера, сите дечиња ќе можe да учествуваат во зелената игра Green Team која ја организира компанијата Пакомак и да освојат вредни награди. Во овој период, секој ден од 17-20 часот во Рамстор Мол, дечињата ќе можат да ја играат видеоиграта Green Team, да се дружат, натпреваруваат и забавуваат, а најдобрите ќе освојат лаптоп, таблет, велосипед, ролери, како и ваучери од Рамстор.

Започнува зелениот натпревар за сите деца во организација на Пакомак

Условите за пријавување и учество се доста едноставни. Сите оние кои сакаат да играат, ќе треба да се пријават за учество на инфо-пултот на Рамстор Мол. Натпреварувањето ќе се одвива во две групи, од кои едната е за деца од 5-9 години, а другата за деца од 10-14 години. Најдобрите 30 деца (по 15 од секоја група) влегуваат во финалето, кое ќе се одржи на 13 декември од 17 часот и ќе се натпреваруваат во три круга сè додека не се одлучат победниците. За победниците од секоја група обезбедени се интересни вредни награди.

Играта Green Team сите дечиња можат да ја најдат на Фејсбук страниците на Пакомак и Рамстор и таму да вежбаат за уште подобри резултати и пласман во финалето.

„Овој натпревар е продолжување на нашата практика на поддржување на еколошки настани и акции кои вклучуваат деца и нивна едукација. Преку јунаците од Греен Тим играта, децата ќе се учат правилно да го селектираат и рециклираат отпадот, а за најеколошките млади натпреварувачи обезбедивме супер награди, прилагодени за нивната возраст. Им благодариме и на нашите партнери – Рамстор Мол и Техномаркет за поддршката на овој проект и се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму. Обично родителите влијаат и ги образуваат децата, но ние очекуваме и веруваме дека овој пат дечињата ќе бидат оние што ќе влијаат врз еколошката свест на своите родители.“ – изјавија од Пакомак.

Пакомак ги поканува сите дечиња да земат учество во Green Team играта и да се забавуваат!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар