За сите обожаватели на чоколадо: Персонализирани чоколатца кои предизвикуваат емоции

ЧОКОЛОГРАФИЈА – бренд или чоколадно изненадување како комбинација на чоколадо и фотографија која може да создаде персонално ремек-дело со висока резолуција наменето за секаква пригода.

1-za-site-obozhavateli-na-chokolado-personalizirano-chokolado-koe-predizvikuva-emocii-kafepauza.mk

Идејата за создавање на чоколографијата потекнува од Флорида, САД од 2003 година. Технологијата е уникатна, патентирана и овозможува печатење директно на површината на чоколадото (icing), создадена и патентирана од група научници од Њујорк која воедно претставува и најголема тајна на Чоколографија.

Се користат колоритни бои од органско потекло одобрени од Американската агенција за храна.

(FDA-AP-PROVED), безбедни за консумирање од најмала возраст, проследени со KOSHER сертификат.

2-za-site-obozhavateli-na-chokolado-personalizirano-chokolado-koe-predizvikuva-emocii-kafepauza.mk

Секоја замисла, идеја, желба (фотографија, порака, лого и сл.) на клиентот може да се испечати на чоколадо (чоколадна визит-карта, чоколадно лижавче во различни форми, чоколадно цеде, парички, колачиња…), без ограничување на количината.

Флексибилноста на технологијата овозможува печатење на лице место на настанот (on-site events – live печатење).

4-za-site-obozhavateli-na-chokolado-personalizirano-chokolado-koe-predizvikuva-emocii-kafepauza.mk

Овие интересни чоколатца може да ви ја направат секоја пригода позабавна, уникатна и поразлична, било да се тоа: родендени, презентации, промоции, семинари, манифестации, бизнис-промоции, маркетинг конференции, свадби, приватни забави…

Секое од нив е единствено и по нешто посебно…

3-za-site-obozhavateli-na-chokolado-personalizirano-chokolado-koe-predizvikuva-emocii-kafepauza.mk

Следете ги трендовите на модерното време и уживајте во оваа чоколадна бајка…

Ексклузивен франшизер на вкусните Чоколографи производи со единствената технологија во светот за печатење на чоколади во Р. Македонија и на Балканот е ПЕЧАТАРСКА КУЌА САНИКО. Следете ги на Фејсбук и контактирајте ги на cokolado@cokolado.mk.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар