Возбудлив предизвик за сите модни гурмани

За сите со изострено чувство за мода и за оние што допрва сакаат да се изразат и да инспирираат други креирајќи свои модни визии, Скопје сити мол овозможува уникатен предизвик за сите вљубеници во модата.

(1) Возбудлив предизвик за сите модни гурмани

Модните познавачи;  Драган Христов – моден дизајнер, Катерина Трајановска – моден новинар и стилист и Ана Несторовска – моден новинар и моден консултант изработија три целосни модни комбинации од брендови во Скопје сити мол, на кои им недостига само едно парче во контекст на модниот предизвик „Сврти нов лист и стани стилист“.

Сите момци и девојки над 18 години на ФБ фан страната на Скопје сити мол што сакаат да учествуваат во овој моден предизвик ќе можат да надополнат една или сите три модни комбинации со свој предлог и да ги збогатат со она со што тие сметаат дека ќе ги направи уникатни, впечатливи и комплетни.

Модните стилисти ќе одберат три девојки или момчиња чиј предлог го сметаат за оригинален придонес кон нивната комбинација, по што одбраните тројца ќе добијат можност и самите да создадат своја комплетна модна комбинација што ќе биде изложена на кукла во Скопје сити мол.

„Една од најголемите вредности на модата е што помага да се редефинира она што претставува моќна и убава девојка или свесно, но пристојно момче, што модата ги охрабрува да посегнат по извонредни нешта што ќе ги направат уникатни. Единствено што не толерирам во модата и модниот свет е секоја форма на задевање, силеџиство, грубост и неповолен третман кон кого било што не исполнува некакви „замислени стандарди“. Љубезноста е нешто што не се купува со пари, а примерниот однос кон луѓето е нешто што е секогаш во мода. Затоа ги охрабрувам и ги поканувам сите момчиња и девојки што сакаат да си играат со модата, да го направат својот прв исчекор во тој свет и да ја надополнат мојата модна комбинација со чевли или она што сметаат дека й недостига, на ФБ фан  страна на Скопје сити мол. Најдобриот ќе биде одбран да биде еден од тројцата Casual Stylist-и“, изјави Драган Христов, моден дизајнер.

(2) Возбудлив предизвик за сите модни гурмани

Сите посетители ќе имаат можност да гласаат за комбинацијата што најмногу им се допаѓа на ФБ Фан страната на Скопје сити мол, а Casual Stylist-ите ги чекаат волшебни награди.

Повеќе информации околу критериумите за учество и правилата на овој предизвик, посетете го следниот линк.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар