Владо Јаневски пред Нова година во Експо центар

Владо Јаневски пред Нова година во Експо центар

Експо Центар со огромно задоволство ја најавува големата предновогодишна забава со најголемиот македонски музички артист Владо Јаневски, неповторливиот романтичар кој веќе неколку децении ги плени срцата на публиката со своите евергрини.

Безвременските љубовни балади Црно Тиквешко, И тогаш некоја будала, Евергрин, Што и да е ќе помине, Тајна Отровна, Ако не те сакам, Кој е крив, Две души и месечина, ќе бидат само дел од репертоарот што Владо ќе го изведе на сцената на Експо центар на 28-ми декември (сабота).

Владо Јаневски пред Нова година во Експо центар

Билетите се веќе пуштени во продажба и истите можете да ги набавите во Југотон, Камарад-Рамстор, цвеќарница Розе- Веро 2 и преку продажната мрежа на МК Тикетс. Нивната цена ќе расте со прогресија, па така до 26-декември изнесува 200 денари, на 27-ми и 28-ми (петок и сабота) ќе биде 250 денари, а вечерта пред самиот настан на вратата на Експо Центар билетите ќе се продаваат по цена од 300 денари.

Затоа побрзајте и не пропуштајте да бидете дел од големата предновогодишна дружба во Експо Центар со Владо Јаневски.

Забавата ќе започне на полноќ.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Petko Reply

    Ke bide jako

Остави коментар