Вино фест 2017: Празник на квалитетно вино и атрактивна музика за сечиј вкус

Квалитетно вино од македонските винарници по промотивни цени, одлична домашна и интернационална музика и многу забава ги очекува посетителите на најочекуваниот настан Вино фест 2017, кој ќе се одржува од 14 до 18 јуни на отворениот паркинг пред Веро центар.

(2) vino-fest-2017-praznik-na-kvalitetno-vino-i-atraktivna-muzika-za-sechij-vkus-www.kafepauza.mk

Познати музички имиња од земјава, атрактивни гости од странство, аниматори, жонглери и улични артисти ќе ја збогатат понудата на македонските винарници на настанот. Освен во добрата музика и вино, посетителите на Вино фест ќе може да уживаат и во различни деликатеси изложени на штандовите.

„Вино фест стана традиционална манифестација наменета за забава на целото семејство која посетителите со нетрпение ја очекуваат. Од година во година растат нивните очекувања за понудената програма. Сметаме дека годинава направивме многу интересна селекција на гости за кои се надеваме дека ќе ги задоволат вкусот на публиката. Дополнително, преку оваа манифестација ги промовираме домашните винарници, што е и дел од корпоративната стратегија на нашата компанија за поддршка на домашните производители“, велат од компанијата „Веро“, која е организатор на Вино фест.

За годинашниот Вино фест најавени се повеќе музички ѕвезди од земјава, но и познати имиња во музичкиот свет од неколку земји во светот. Настанот ќе го отвори енергичниот Енрике Лопез со кубанско потекло, заедно со неговиот бенд „Енрике и џипси“, кои на посетителите на Вино фест ќе им ги пренесат звуците на новото фламенко. Шлаг на првиот ден од фестивалот ќе биде настапот на неповторливиот Игор Џамбазов. Во следните денови на сцената на Вино фест ќе се појават и домашните музички имиња Дарио, Миле Кузмановски, „Љубојна“ со Џамбо Агушев, „Бета Хаус“, „Куку Леле“, Нина Јанева и „Нокаут“. Освен Енрике Лопез, дел од интернационалните гости ќе биде и фантастичната група  „Барбароса“, која пред неколку години во Скопје ги вооодушеви посетителите на уличниот фестивал „Баскер фест“.

(1) vino-fest-2017-praznik-na-kvalitetno-vino-i-atraktivna-muzika-za-sechij-vkus-www.kafepauza.mk

Посетителите на Вино фест ќе ги проследат и настапите на неколку аниматори, улични изведувачи и акробати кои ќе се претстават со своите забавни вештини. Посетителите ќе може да ги видат изведбите на неоциркуските забавувачи „Фулософи“, огненото шоу на циркуско дуо „Мајсторот и Маргарита“, уличниот изведувач Ким Потер, како и со огромните меури од сапуница во интерактивниот настап на г-дин и г-ѓа Меур.

Во среда и четврток настапите на музичарите ќе почнуваат од 20 часот и ќе траат до полноќ. Во петок, сабота и во недела ќе почнуваат од 21 часот и ќе траат до 1 часот по полноќ. Влезот на Вино фест е слободен.

(3) vino-fest-2017-praznik-na-kvalitetno-vino-i-atraktivna-muzika-za-sechij-vkus-www.kafepauza.mk

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар