Викендов во Скопје Пелистерка ќе освежува кајакари од цел свет

Викендов во Скопје Пелистерка ќе освежува кајакари од цел свет

Почнувајќи од денес, 11 мај, во метрополата започна Европското Кајакарско Првенство дисциплина спуст на диви води, за сениори. По тој повод вчера во просториите на Агенцијата за млади и спорт, се одржа прес конференција на која беа соопштени сите детали околу случувањето.

0-vikendov-vo-skopje-pelisterka-kje-osvezhuva-kajakari-od-cel-svet-kafepauza.mk

Имено во следните неколку дена, во главниот град ќе бидат присутни 176 натпреварувачи од 18 држави. Ќе се натпреваруваат на две патеки. Првата е онаа од мостот ООН во Влае до Градска плажа, и втората е традиционалната кајакарска патека на Матка.

1-vikendov-vo-skopje-pelisterka-kje-osvezhuva-kajakari-od-cel-svet-kafepauza.mk

Македонската компанија Пелистерка, вторпат е силна поддршка на македонските кајакари. Спортот е област во која оваа компанија безрезервно вложува. Водата исцрпена од изворот Меџитлија, или обичната вода на Пелистерка и соковите кои се пак идеална комбинација од минерална негазирана вода и грижливо одбрани концентрирани овошни сокови, комбинација која помага во исхраната на клеточното ткиво, овој пат се производите со кои што Пелистерка ќе ги освежува кајакарите.

2-vikendov-vo-skopje-pelisterka-kje-osvezhuva-kajakari-od-cel-svet-kafepauza.mk

Првенството кое што во овие неколку дена ќе се случува кај нас е важен настан за сите нас затоа што освен спортските квалитети, Македонија а особено Скопје, ќе имаат можност да се пофалат и со своите туристички можности и капацитети.

3-vikendov-vo-skopje-pelisterka-kje-osvezhuva-kajakari-od-cel-svet-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар