Викендов Маврово ве повикува на адреналински спортски настан

Викендов во Маврово, на 1, 2 и 3 септември, сите љубители на природата и спортот ќе уживаат во еден несекојдневен спортски настан во организација на „Сава Осигурување“ и Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.

„Сава адреналинска тура“ е можност за запознавање на прекрасната Бистра и нејзините совршени пејзажни глетки со возење велосипед, планинарење или трчање по маркирани патеки во придружба на водичи и дополнителна програма со многу забава за сите оние кои ќе се пријават. Велосипедската патека од 55км е одлична спортска рекреација за повозрасните, а за најмалите ќе биде организирана трка со природни препреки и за они кои ќе дојдат без велосипеди патека за пешачење/трчање со најбрзо време.

„Септември во Маврово е секогаш магично, а ние се одлучивме на таа магија да и додадеме доза на авантуризам и да ги предизвикаме сите љубители на спортот да дојдат на заедничко тридневно дружење. За овој настан програмата и активностите ги предвидовме да бидат погодни како за помладите спортисти така и за поискусните. Оние кои ќе се решат да кампуваат со своја опрема тоа ќе можат да го направат во кампот предвиден токму за овој настан, а ние ќе се погрижиме да им обезбедиме добро јадење, дегустација на пијалаци и многу забава. Додека во недела, на 03 септември сите со подготвени велосипеди, патики, ранец и многу енергија ќе ја започнат адреналинската авантура која на крајот на фан питот ќе финишира со голема забава и се разбира награди“, велат организаторите.

Овој настан е дел од низата настани зад кои застанува Сава Осигурување како покровител и поддржувач со што ја докажува својата заложба за континуирано вложување во општественото одговорно управување. „Кога работите во една средина неопходно е да земете активно учество во подобрувањето на квалитетот на животот, да додадете содржини кои ќе им овозможат на луѓето да чекорат напред, да им го збогатите секојдневието и да допринесете кон севкупниот развој на заедницата. Сава Осигурување иако примарно се занимава со дејност која се грижи за безбедноста на клиентите, сепак сметаме дека квалитетниот и исполнет живот го прави прифаќањето на предизвиците и надминувањето на сопствените бариери и граници. Па од тука и соработката со здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ и ова несекојдневно тридневно дружење. Ги покануваме сите кои сакаат квалитетно да го поминат викендот кој следува да се пријават и да ни се придружат“, вели Соња Јовановска, Раководител на служба за поддршка на продажба во Сава Осигурување.

За сите заинтересирани за настанот и деталите околу пријавувањето и учеството можат да ја посетат веб страницата: http://prvdovrv.mk/SavaAdrenaline, или Фејсбук настанот: https://www.facebook.com/events/735272196648542/

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар