Веро-центарот обвиткан во чоколадо

Веро-центарот обвиткан во чоколадо

Од 13 февруари до 13 март во Веро-центарот по втор пат ќе се одржи „Чоколадната земја“, настан кој минатата година развесели многу љубители на чоколадото, им понуди можност за истражување на светот на чоколадото, споделување искуства и уживање во нивниот омилен десерт.

Веро-центарот обвиткан во чоколадо

И оваа година со избор од над 1.000 различни чоколадни производи од домашни и странски производители, бели, црни, чоколади со различни вкусови и разни додатоци, посетителите ќе имаат несекојдневна можност да уживаат во дегустацијата, промотивните цени на чоколадите, како и во специјалната и богата програма за најмалите.

Веро-центарот обвиткан во чоколадо

„Чоколадото е еден од најпопуларните и најпрепознатливите вкусови во светот. Без разлика на возраста, сите сакаат чоколадо и со подеднаква страст уживаат во него.

Оваа година обезбедивме 9 излагачи, производители и дистрибутери на чоколадо. Креиравме и забавни игри и анимации за деца, кои ќе заминат одовде со прекрасни спомени и убави награди. Среќни сме што на нашите потрошувачи можеме да им приредиме ваква забава и глетка со бескрајно примамливи чоколадни производи, но и ние во Веро подеднакво им се радуваме на овие денови. Знаете како велат: Кога станува збор за чоколадо, отпорот е залуден…“, изјави во смеа Влатко Величков, маркетинг менаџер во Веро супермаркетите.

Во „Чоколадната земја“ во Веро-центарот потрошувачите ќе имаат можност да уживаат во чоколадите и слатките на Европа, Бамби, Мое колаче, Краш, Кандид, Милка, Киндер, Најлепше жеље, Марс, Баунти, Милки веј, Твикс, Сникерс, Свис лион и Ритер спорт, Шотеген, Тофифи и многу други вкусови што ги обединуваат најавтентичните ароми и доживувања на сетилата.
Веро-центарот ги повикува сите дечиња заедно со нивните родители да дојдат и да ги вкусат најслатките чоколади и да уживаат во светот создаден само нив.

Веро-центарот обвиткан во чоколадо

Чоколадото е познато по тоа што има многубројни физиолошки ефекти врз телото (се поврзува со нивото на сератонин во мозокот).

Опфаќа голем број на сурови и процесирани хранливи производи што имаат потекло од семето на тропското какао дрво, чие горчливо семе се пече и ферментира.

Чоколадото што денес се произведува е комбинација од семе на какао, маснотии, шеќер и други состојки што имаат точка на топење малку помала од телесната температура, а различните вкусови на чоколадото се добиваат со мешање на различни количини од различни состојки или со менување на времетраењето на температурата на печење на зрната.

Потеклото на зборот „чоколадо“ најверојатно доаѓа од јазикот на Ацтеките, а во македонскиот јазик влегол преку шпанскиот.
Повелете во Веро-центарот на раскош од вкусови на чоколади и чоколадни производи и автентична атмосфера во „Чоколадната земја“.

Веро-центарот обвиткан во чоколадо


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар