Веро центар со низа активности ќе го прослави почетокот на новата училишна година

Овој викенд во Веро-центарот сите потрошувачи, а особено учениците, ќе можат да уживаат во забавната програма со која ќе се одбележи почетокот на новата училишна година.

1-vero-centar-so-niza-aktivnosti-kje-go-proslavi-pochetokot-na-novata-uchilishna-godina-kafepauza.mk

Предвидени се голем број на забавни игри, тим билдинг за најмладите, сликање на чадори заедно со артисти, креирање мозаици и многу други активости.

„Уште една нова учебна година започнува, а како и секоја година претходно така и оваа Веро центарот си постави за задача да ја направи што повесела и поинтересна за помалите но и повозрасните ученици. Првото училишно ѕвонче носи многу возбуда како за учениците така и за нивните родители па преку забавните и едукативните игри кои ги подготвивме годинава се надеваме ќе им овозможиме семејно дружење кое ќе ги поттикне децата на учење но низ игра и забава“, изјави Влатко Величков, маркетинг менаџер на Веро.

Веро-центарот ги повикува сите заинтересирани да дојдат во петок на 5 септември од 17 часот и сабота и недела, 6 и 7 септември од 11 часот и да поминат незаборавен и најзабавен почеток на училишната година.

2-vero-centar-so-niza-aktivnosti-kje-go-proslavi-pochetokot-na-novata-uchilishna-godina-kafepauza.mk3-vero-centar-so-niza-aktivnosti-kje-go-proslavi-pochetokot-na-novata-uchilishna-godina-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар