Веро Центар и оваа година дел од Баскерфест

Веро Центар и оваа година дел од Баскерфест

Од 6 до 15 јуни Веро центарот ќе биде дел од најголемиот и единствен интернационален фестивал на улични артисти во Македонија Баскерфест.

Print

Оваа година официјалното отворање се случи во рамките на Веро Центарот на 6 јуни, петок со почеток во 19 часот, со настап на групата Barbarossa Samba Group кои доаѓаат од Романија.

Секој ден од 17 до 22 часот во времетраењето на Баскерфест, на градскиот плоштад во Скопје Веро Центар ќе организира забавни и наградни игри. Добитниците ќе можат во Веро Центарот со сметка над 300 денари да си го подигнат својот подарок. Наградите ќе се подигнуваат од 6 до 20 јуни 2014 година.

„И оваа година Веро Центарот ќе биде дел од најголемиот мултикултурен уличен фестивал кој ја збогатува културната и забавната содржина на Скопје. Оваа година покрај настаните и изведбите на уличните артисти кои се предвидени во рамките на Веро Центарот ја имаvme честа церемонијалното отворање да се случи токму кај нас што верувам претставуваше огромна радост за сите посетители. Ви ветуваме одлична забава која овој пат се однесува на сите возрасти“, изјави Влатко Величков, маркетинг директор во Веро.

Веро Центарот веќе 4-та година по ред е пријател и поддржувач на оваа манифестација која прерасна во долгогодишна традиција и е интересен не само за граѓаните од Скопје и Македонија, туку и за граѓаните од соседните земји.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар