Вечерно дружење со омилената серија и омилените солени мафини!

Вечерно дружење со омилената серија и омилените солени мафини!

Има ли подобро нешто од вечер помината во домашен амбиент со нов филм или нова епизода од омилената серија?! Ако немате листа со филмски наслови што ја дополнувате со препораки од пријателите, би можеле да ви го олесниме изборот со неколку тематски предлози.

Можете, на пример, да одберете филм со вашиот омилен актер, актерка или режисер, едноставно впишувајќи го името на познатиот филмски сајт IMDB каде се содржани сите филмови од кариерата на тој лик. Или организирајте вечер на Оскари, па бирајте само филмови кои добиле Оскар за најдобар филм низ годините. Интересна опција за избор се филмови што обработуваат теми поврзани со историски настани, базирани на вистинити приказни, биографии или едноставно филмови со зборот што во насловот го содржат зборот – љубов.

Но, што би била филмска вечер без солени грицки?! Кога веќе ви помогнавме околу изборот на филмот, дозволете ни да ви препорачаме и вкусна и здрава замена за популарната, но нездрава занимација пред ТВ.  Да ги замените нездравите грицки со вистинска солена закуска, по ваш вкус.

Ви предлагаме пица мафини Фантазија. Потребни ви се неколку состојки и само триесетина минути за подготовка, а резултатот е вкусен оброк за целото семејство.

На следниов линк може да погледнете видео со целата подготовка на мафините.

Ако не ви се погоди филмот, барем бидете сигурни дека сте си го погодиле вкусот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар