Сведоштво на ТВ презентерката Татјана Стојановска, која неодамна направи операција за отстранување на диоптрија во Систина Офталмологија

Од 14 години имам миопија (кратковидост) и диоптријата постојано растеше, така што повеќе од 25 години носам помагала. На почетокот очила, а потоа поради мојата работа веќе 22 години користев контактни леќи, во комбинација со очила. Морам да признаам дека тоа и ме оптеретуваше веќе подолго време, поради што размислував за трајно отстранување на диоптријата. Кога се информирав за можноста за ласерска корекција на диоптрија во Систина Офталмологија и за нејзината соработка со „Свјетлост“ од Загреб  и врвниот офталмолог проф. д-р Никица Габрич , без размислување одлучив да го решам долгогодишниот проблем.

svedoshtvo-na-tv-prezenterkata-tatjana-stojanovska-koja-neodamna-napravi-operacija-za-otstranuvanje-na-dioptrija-vo-sistina-oftalmologija-kafepauza.mk

Интервенцијата траеше многу кратко, само 5 минути, и морам да кажам дека ова за мене беше едно од најпријатните искуства кога се медицинските интервенции во прашање. Не морав да патувам во странство, се помина брзо, и што е најважно повторно гледам феноменално без помагала.

Огромни комплименти до тимот на Систина Офталмологија на чело со д-р Билјана Костовска и тимот од Загреб на чело со проф. д-р Никица Габриќ кои овозможија се да помине беспрекорно и крајно професионално, и на нивната љубезност и внимание што им го посветуваат на секој пациент пред и по интервенцијата, на што сум им крајно благодарна. На сите оние кои се двоумат за ваква интервенција, топло им препорачувам: трајно отстранете ја диоптријата во Систина Офталмологија, зафатот трае не повеќе од 5 минути, ласерски и потполно безболно, ослободете се од очилата засекогаш. Она што ќе го добиете, јасен вид без очила и леќи, е непроценливо. Пост оперативното опоравување трае само два-три дена и потоа функционирате како и претходно , но со една голема разлика имате потполно јасен вид. Ризиците се сведени на нула. Ништо не можете да изгубите, а добивате беспрекорен вид веднаш по интервенцијата.

2-svedoshtvo-na-tv-prezenterkata-tatjana-stojanovska-koja-neodamna-napravi-operacija-za-otstranuvanje-na-dioptrija-vo-sistina-oftalmologija-kafepauza.mk

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар