Стручни совети за нега на возрасна кожа на лице

Д-р Соња Петрушевска – специјалист дерматовенеролог и стручен соработник за Еуцерин

Честопати се прашуваме кој крем, со кои активни супстанции ни одговара на нашата кожа. Исто, има нејаснотии и кога треба да почнеме да се негуваме. Ова се кратки препораки за знаците на стареење и кои креми одговараат за различна возраст.

Младата кожа кај децата и тинејџерите обично се негува со детски креми или креми за проблематична кожа. Во овој период кожата се уште има доволно сила да се спротивстави на надворешните влијанија, но и влијанието на надворешните влијанија не е толку долго.

После 18-20-тата година веќе се препорачува да се почне со нега соодветна за возраста. По завршување на пубертетот на кожата и е потребна интензивна хидратација. Бидејќи кожата на оваа возраст е веќе диференцирана кој тип е, ние и овозможуваме интензивна хидратација со кремите од линијата AQUAporin ACTIVE. На комбинираната кожа и одговара кремот AQUAporin ACTIVE Light, лесен хидратантен крем кој овозможува само хидратација. На нормалниот тип кожа и одговара кремот AQUAporin ACTIVE SPF15 кој освен хидратација додава и малку маснотии, бидејќи на нормалната кожа не и е доволна само хидратација. И на сувата кожа која е и најосетлива и одговара кремот AQUAporin ACTIVE Rich, богат крем кој ќе овозможи и добро замастување покрај потребната хидратација. Линијата е дополнета со AQUAporin ACTIVE крем за околу очи, за нега на чувствителната кожа околу очите.

Во периодот кога одминува 25-тата година, се соочуваме со првите брчки. Зависно од ноќниот сон, квалитетот на исхраната, присутност на стрес во секојдневниот живот и др., кожата веќе бара присуство на коензимот Q10 во секојдневната нега. Затоа за овој период за нега и превенција на првите брчки на кожата ги предлагаме производите од линијата Q10. Има дневен крем за сува кожа, дневен крем за комбинирана кожа, ноќен крем за сите типови кожа и крем за чувствителната кожа околу очите.

После 30-35-тата година нашата кожа се соочува со намалена хидратација и еластичност. Тоа се манифестира со продлабочување на површинските брчки на кожата, а е резултат на забавување на регенеративната моќ на организмот и намалување на синтезата на хијалуронска киселина. Затоа кожата на оваа возраст потребно е да се негува со креми кои содржат хијалуронска киселина, со цел да и го додадеме на кожата тоа што почнува да и недостасува, а со што ќе овозможиме пополнување и на подлабоките брчки однатре кон надвор. Од Hyaluron Filler линијата на располагање имаме дневен крем за сува кожа, дневен крем за нормална и комбинирана кожа, ноќен крем за сите типови кожа, крем за чувствителната кожа околу очите и серум-концентрат кој го засилува ефектот на кремите за лице. Дневната нега содржи и SPF 15 и UVА филтер, за да ја заштити кожата од предвременото фотостареење.

Но, годините поминуваат. По 40-45-тата година способноста за регенерација на клетките на кожата уште повеќе се намалува и кај повеќето од жените освен намалена хидратација и еластичност, се забележуваат и првите посериозни знаци на стареење како опуштена кожа, загуба на волуменот и контурите на лицето. Од друга страна долгогодишното делување на УВ-те зраци и аерозагадувањето негативно влијаат на квалитетот на нашата кожа, на која и е потребна уште поефикасна нега.

Како резултат на повеќегодишни истражувања,  иновативните научници и дерматолози од Баерсдорф ја создадоа Eucerin Volume-Filler линијата – напредна генерација на креми за лице, со особено ефикасни состојки кои го забавуваат процесот на стареењето на кожата после 40-тата година. Eucerin Volume-Filler содржи магнолол кој го враќа волуменот на кожата, хијалуронска киселина која ефикасно ги пополнува брчките одвнатре кон надвор и олигопептиди кои ја стимулираат синтезата на колаген, а со тоа овозможуваат цврстина на кожата. Дневната нега содржи и SPF 15 и UVА филтер, за да ја заштити кожата од предвременото фотостареење. Volume-Filler линијата има дневен крем за сува кожа и дневен крем за нормална и комбинирана кожа, ноќен крем за сите типови кожа  и крем за чувствителната кожа околу очите.

Сите производи од Eucerin се одлично прифатени од кожата и имаат одлична ефикасност, што е потврдено со клинички тестирања. Eucerin производите можете да ги најдете само во аптека.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар