SPRINGFIELD прогласен за најдобар трговски објект за 2014 година

SPRINGFIELD прогласен за најдобар трговски објект за 2014 година

Продажните места на брендот Springfield, кој е дел од групацијата Fashion Group го освоија првото место за Најдобар трговски објект за 2014 година, награда која ја доделува Град Скопје во соработка со SWOT Research. Springfield ja освои наградата во категоријата Бутици.

1-springfield-proglasen-za-najdobar-trgovski-objekt-za-2014-godina-kafepauza.mk

Наградата за Најдобар трговски објект се доделува традиционално по осми пат во повеќе категории, а е резултат на истражувањето и оценувањето кое SWOT Research го спроведе од 01 до 30 ноември 2014 година. Критериумите, по кои така наречени тајни купувачи (mystery shoppers) ги евалуираат трговските објекти, го опфаќаат целокупниот процес на купување – од првичниот впечаток при влез во продажното место, преку услугата, љубезноста, уредувањето на продавницата, начинот на плаќање, дополнителните елементи на продажбата па сè до нејзиното завршување и заминувањето на купувачот од продавницата.

2-springfield-proglasen-za-najdobar-trgovski-objekt-za-2014-godina-kafepauza.mk

Наградата доаѓа во вистински момент и е одлично заокружување на 2014 година, кога Fashion Group посвети особено внимание на дополнителни тренинзи и обуки за вработените со цел да се подобри искуството на секој купувач во продажните места на групацијата. Потврдата дека Springfield и останатите брендови се на вистински пат, е мотив повеќе да се продолжи добрата работа, која резултира со успех и задоволни купувачи и во годината која доаѓа.

Springfield е шпански бренд и е дел од групацијата Fashion Group од 2006 година со продавници во Скопје – ГТЦ, ТЦ Рамстор, Скопје Сити Мол и една продавница во ТЦ Сума во Куманово. Моделите на Springfield промовираат лежерна мода за жени и мажи со европски сензибилитет.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар